Чоколадото поскапува поради Ел Нињо: Се помалку го има, а сите го бараат

- Advertisement -

Чоколадото поскапува во светот поради цената на суровината, но тоа е причината само на прв поглед, пишува сајтотThe Southafrican. Статистичарите пресметале просечен пораст на цената на чоколадото во мај од 14% во однос на мај минатата година, а само годинава 7%, но повеќе од 63% од 2017 година досега. 

- Advertisement -

Во игра се повеќе фактори, иако главната причина е зголемувањето на светските цени на какаото, кои пораснаа во последните три години и го достигнаа својот максимум за 46 години во 2024 година.

Нјголемите производители на какао во светот се во Западна Африка. Климатските феномен Ел Нињо, кој носи долготрајна суша на некои места и обилни дождови на други, имаа негативно влијание врз тие области. Болестите на земјоделските култури, како и геополитичките тензии поради војната меѓу Русија и Украина имаат влијание на пазарот на ѓубрива.

- Advertisement -

Ел Нињо предизвика суво време во Западна Африка и придонесе за проблеми на плантажите, како што е вирусна болест на ластарите. Недостигот на зрна какао речиси доведе до затворање на фабриките за преработка во Брегот на Слоновата Коска и во Гана оваа година. Овие две земји сочинуваат 60% од светското производство.

Иако приносите се намалени, глобалната побарувачка расте. Ова создаде глобален дисбаланс на понудата и побарувачката и резултираше со многу повисоки цени.

- Advertisement -

Пазарните експерти предвидуваат дека на глобалниот недостиг на какао наскоро ќе му дојде крајот. Закрепнувањето на производството на какао во најголемите светски фарми треба да стави крај на тој огромен недостиг, според брокерот за стоки Marek Group.

Групата очекува производството на какао да ја надмине побарувачката во претстојната сезона 2024-2025 година, која започнува во октомври. Ова ќе ја одбележи првата година на суфицит по три последователни сезони со дефицит. Очекуваните подобри временски услови во Западна Африка ќе имаат позитивно влијание и врз производството на какао.

(BIZLife)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -