Платформата за ментално здравје, Разговор.мк, нуди бесплатна психолошка поддршка за пожарникарите, волонтерите вклучени во пожарите и луѓето погодени од пожарите низ Македонија.
“Го разбираме огромниот стрес и каква физичка и емоционална штета може да донесат овие предизвикувачки околности. Сите погодени од пожарите, вклучени волонтери и пожарникари несомнено се соочуваат со интензивен стрес периодов и сакаме да се погрижиме да ја добијат потребната поддршка. Нашите психолози и терапевти се достапни да понудат поддршка за оние кои неуморно работат за да ги заштитат нашите заедници.”
Како да се пријавите за бесплатна сесија:
Ако сте пожарникар или волонтер вклучен во иницијативите за гаснење пожар и имате потреба од разговор со психолог, контактирајте не’ за да закажеме бесплатна сесија:
Детали за контакт:
Емаил: support@razgovor.mk
Социјални медиуми: razgovormk