Од полноќ се намалуваат цените на горивата

- Advertisement -

Регулаторната Комисија за Енергетика објави дека од вечерва на полноќ ќе поевтинат бензините и дизелот. Во согласност со методологијата која РКЕ ја користи за пресметка на цените, од вечерва на полноќ малопродажните цени на горивата се намалуваат во просек за 0.85%.

Цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се намалуваат за 1.00, односно 1.50 денари. Еден литар 95-октански бензин ќе чини 79.50 денари, додека еден литар 98-октански бензин ќе чини 81.50 денари.

- Advertisement -

И цената на дизелот се намалува за 1.5 денари, па еден литар дизел од вечерва на полноќ ќе чини 71.00 денари.

Сподели!
- Advertisement -