Ако барате здрав и вкусен појадок кој не бара многу време за подготовка, тогаш овесни снегулки што се подготвуваат од вечер е идеален избор. Овој рецепт е совршен за оние кои сакаат да започнат со енергичен и хранлив оброк, без да трошат многу време наутро.
Кога ќе оставиме овесот да отседи преку ноќ, тој ја апсорбира целата течност, создавајќи кремаста овесна каша.
Потребни состојки за 1 оброк:
- 55g (4 лажици) овесни снегулки
- 125-150ml млеко или растителна алтернатива како бадемово млеко
- 50g грчки јогурт
- 1 лажичка мед или јаворов сируп
- 1/2 чаша свежо или замрзнато овошје, како јагоди, малини, боровинки или банана
- 1 лажичка семки од чиа (опционално)
- 1/2 лажичка ванила екстракт (опционално)
Во стаклена тегла или сад се става овесот, се додава млекото, чиа семките и засладувачот. За дополнителен вкус и интензитет може опционално да се додаде екстракт од ванила. Се мешаат сите состојки додека не се соединат. Потоа се додава јогуртот и на крај свежото или замрзнатото овошје. Овие додатоци не само што ќе го збогатат оброкот со дополнителни хранливи материи, туку и ќе и дадат прекрасен вкус и текстура. Вака соединетите состојки се оставаат преку ноќ во фрижидер.
Overnight oats е повеќе од само брз и лесен појадок. Овој оброк обезбедува изобилство на растителни влакна, протеини, витамини и минерали кои даваат енергија за цел ден. Комбинацијата на овес, млеко и јогурт обезбедува кремаста текстура, додека овошјето додава свежина и сладост. Семките од чиа, доколку ги користите, се одличен извор на омега-3 масни киселини и антиоксиданси.
Наутро, сè што треба да се направи е да се извади теглата од фрижидерот и појадокот е подготвен! Може да се јаде ладна или малку да се загрее, по желба.