Телемах Словенија потпиша договор за купување на Т-2

- Advertisement -

Телемах Словенија, потпиша договор со Гарнол (мнозинскиот сопственик на Т-2), за стекнување со акции во ривалскиот Т-2, обезбедувајќи најмалку 98,06% сопственост во компанијата.Трансакцијата ќе биде завршена по добивањето на потребните одобренија. Клиентите ќе уживаат во најсовремената технологија и поширок и поквалитетен опсег на услуги, содржини и пакети.

Преку оваа трансакција, Телемах Словенија,  подружница на европскиот телекомуникациски и pay-TV гигант Јунајтед Груп, првично ќе стекне неконтролирачки удел од 24,9% од капиталот на Т-2. По добивањето одобрение од релевантните регулатори, Телемах Словенија треба да стекне најмалку 98,06% од акциите во Т-2 според условите на потпишаниот договор за купување акции.

- Advertisement -

Трансакцијата ќе му овозможи на Т-2 да продолжи со својот стабилен развој и ефикасно да инвестира во најсовремени технологии, производи и подобрени кориснички искуства. Со аквизицијата, Telemach и T-2 ќе им понудат на клиентите технолошки напредна fiber мрежа, подобрени мобилни услуги и неограничени пакети, придонесувајќи за националните цели за поврзување и 5G мрежна покриеност.

Томислав Чизмиќ, извршниот директор на Telemach Словенија изјави: „Денешниот договор обезбедува конкурентна иднина за Т-2, кој беше компромитиран поради заканата од банкрот. Оваа аквизиција ги зајакнува нашите капацитети за понатамошно инвестирање во најсовремената мобилна и фиксна телекомуникациска инфраструктура, напредни технологии и иновативни производи и услуги.

- Advertisement -

Јуриј Крч, мнозински сопственик на Гарнол и Прокуратор во Т-2, изјави: „Т-2 е извонредна и успешна компанија која е предводник на технолошкиот развој на словенечкиот телекомуникациски пазар во последните 20 години. Со оваа трансакција компанијата Т-2 и понатаму ќе може успешно да го развива својот потенцијал на словенечкиот пазар. Решението што го дава Телемах е од клучно значење за нашите вработени, клиенти и деловни партнери. Ние веруваме во тоа ова партнерство ќе донесе позитивни промени на телекомуникацискиот пазар и ќе придонесе за уште подобро корисничко искуство за сите наши претплатници.

Трансакцијата, покрај консолидацијата на мобилните и фиксните мрежи на двете компании, ќе овозможи и спојување на експертиза, со што ќе имаат корист словенечките претплатници и целокупната економија.

- Advertisement -

Сподели!
- Advertisement -