1.700 нови и досега непознати вируси откриени во примероци од мраз

- Advertisement -


Научниците откопаа 1.700 антички вируси од тибетски глечер, откривајќи замрзната историја на вируси кои би можеле да го сменат од корен нашето разбирање за климатските промени и пандемиите.

Овие вируси, зачувани во мразот на глеќерот Гулија до 41.000 години, се пронајдени во ледено јадро долго 300 метри, извлечено од таа огромна ледена капа.

- Advertisement -

Новоидентификуваните вируси, од кои повеќето се непознати за науката, веќе преживеале неколку климатски промени во историјата. Ова предизвикува загриженост дека топењето на мразот може да ослободи досега невидени патогени и потенцијално да предизвика нови пандемии.

Набргу по објавувањето на студијата, инфлуенсерот Крис Лудакрис Бриџис предизвика бура на социјалните мрежи објавувајќи видео на кое пие непречистена топена вода од глечер на Алјаска. Видеото, кое стана вирално на Instagram и Tik Tok, ги загрижи многумина за ризиците од пиењето таква вода. Сепак, глациологот увери дека тој е сосема добро, истакнувајќи дека водата од протокот на глечерот е „најчистата вода што некогаш ќе ја добиете“.

- Advertisement -

Иако јавната загриженост за топената вода од глечерите не е целосно неоснована, патогени претходно се појавија од топењето на вечниот мраз, како што е појавата на антракс во Сибир во 2016 година. За среќа, новооткриените вируси од глечерите на тибетското плато не се закана за луѓето. Тие можат да заразат само археи и бактерии, но не и животни, растенија или луѓе.

Научниците од Државниот универзитет Охајо во САД, кои ја водеа студијата, дупчат над 300 метри длабоко во глечерот, создавајќи ледено јадро сегментирано на девет делови на возраст од 160 до 41.000 години. Тие користеле метагеномска анализа за да каталогизираат околу 50 пати повеќе информации за вирусите на глечерите од кога било досега.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -