Научници создадоа жива пластика која се самоуништува откако ќе ја фрлите

- Advertisement -

Револуционерно откритие во науката за материјали доведе до создавање на „жива пластика“м која се уништува себеси кога ќе почне да еродира. Оваа иновација би можела значително да го намали влијанието на пластичниот отпад врз животната средина.

Материјалот, познат како поликапролактонска (PCL) пластика, се распаѓа во рок од еден месец за време на компостирањето, што е значително подобрување во однос на традиционалните пластики, за кои може да бидат потребни до 55 дена за да се распаднат во слични услови.

- Advertisement -

Инспирирани од протеините кои јадат пластика од бактерии, откриени во Јапонија во 2016 година, научниците од Кинеската академија на науки (CAS) вградија бактериски спори во пластиката PCL. Кога пластиката почнува да се распаѓа, овие спори ослободуваат ензими кои го забрзуваат процесот на распаѓање.

Предводен од синтетичкиот биолог Ченванг Танг, кинескиот тим го конструирал и го пренел генот на ензимот липаза од Burkholderia cepacia на Bacillus subtilis, микроб кој е отпорен на високи температури и притисоци. Како што пластиката еродира, вградените спори ‘ртат, а B. subtilis произведува ензим кој речиси целосно ги разградува молекулите на PCL.

- Advertisement -

Додавањето на уште еден ензим од квасецот Candida antarctica го забрзал овој процес, дозволувајќи пластиката да се распадне во рок од една недела. За споредба, традиционалната PCL пластика трае повеќе од три недели под истите услови.

Живата пластика останала стабилна кога била натопена во газиран сок (Sprite) 60 дена, што укажува на нивната потенцијална употреба како материјали за пакување, вели истражувачкиот тим CAS. Покрај тоа, пластиката темелно се распаѓа без додавање на антибиотици, што ја истакнува робустноста на системот, истакнуваат кинеските научници во истражувањето објавено во списанието Nature Chemical Biology.

- Advertisement -

Тимот на CAS се надева дека ова ќе доведе до развој на одржливи, биоразградливи материјали.

(Science Alert)

(фото: Get Archive)

Сподели!
- Advertisement -