Пронајдена е подводна планина повисока од грчки Олимп

- Advertisement -

Замислете четири облакодери наредени еден врз друг, секој висок како највисоката зграда на светот, Бурџ Калифа. Речиси толку висока е подводната планина која неодамна беше пронајдена и мапирана од океанографи, предводени од Калифорнискиот океански институт Schmidt.

Истражувачкиот тим го користел бродот R/V Falkor за време на 28-дневната експедиција, а експедицијата завршила минатиот месец. Подводната планина била мапирана со помош на сонарен систем кој се наоѓал под трупот на бродот. Извршната директорка на институтот Schmidt, Јотика Вирмани, истакна дека со користење на сонарниот систем се стекнале со увид во топографијата на морското дно.

- Advertisement -

„Ова е важно бидејќи во моментов само 26% од морското дно се мапирани со ваква резолуција, а морското дно покрива 71% од површината на нашата планета“, истакна Вирмани.

Океанографите проценуваат дека ширум светот има најмалку 100.000 подводни планини повисоки од 1.000 метри. Овие планини се важно живеалиште за различни видови. Новомапираната подводна планина е повисока од грчката планина Олимп, која е висока 2.917 метри и пониска од јапонската планина Фуџи, која е висока 3.776 метри.

- Advertisement -

Понатаму, за илустрација, пронајдената подводна планина е висока колку четири облакодери Бурџ Калифа, високи 830 метри.

Со помош на подводен робот е истражен гребенот на споменатата подводна планина, а во таа прилика е пронајдена област богата со морски биодиверзитет. Имено, пронајден е „дух“, односно белиот октопод Каспер, што е првпат овој цефалопод да биде забележан во јужниот дел на Пацификот. Покрај тоа, пронајдени се и два ретки сифонофори, кои поради својот изглед се познати и како летечки чудовишта од шпагети.

- Advertisement -

„Октоподот Каспер никогаш не бил фатен, така што сè уште нема научно име“, истакна Вирмани.

Била направена и првата снимка во живо на лигњите Promachoteuthis, кои се познати врз основа на само неколку собрани примероци.

Споменатите откритија се врв на годинашната, трета по ред, експедиција на истражувачкиот брод R/V Falkor на гребенот Наска, кој се наоѓа во меѓународни води. Вирмани истакна дека оваа област може да стане првата заштитена морска област на отворено море, во согласност со новиот договор на Обединетите нации минатата година.

„Во три експедиции успеавме да мапираме и да истражиме 25 морски планини, што е прилично голем број. Мислам дека имаме добри податоци да објавиме и да потврдиме дека ова е навистина интересна област за заштита“, рече Вирмани.

(CNN)

(фото: Pexels)

Сподели!
- Advertisement -