- Advertisement -
Нова германска инвестиција за производство на литиумски батерии, во вредност од 65 милиони евра и 700 нови вработувања
Како што најави претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски инвестицијата е отприлика 60 до 65 милиони евра, околу 700 нови вработувања и дека ќе се произведуваат литиумски батерии. Станува збор за германската компанија BMZ Group која утре во ТИРЗ Скопје ќе го одбележи почетокот на градбата на новата инвестиција.
- Advertisement -
„Со завршувањето на оваа инвестиција ќе биде зголемен извозот, а со зголемување на извозот, ќе биде намалена разликата односно дефицитот помеѓу извозот и увозот и на тој начин ќе се зголемува бруто домашниот производ“.
- Advertisement -