Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – август 2024 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 5,5%, додека во однос на декември 2023 година е зголемен за 2,6%.
Цените на угостителските услуги во август во однос на јули годинава се зголемени за 0,2%, а споредено со август минатата година за 5,1%, објави Државниот завод за статистика.
Споредено по групи на услуги во август годинава споредено со август лани кај храната е забележано зголемување од 2,4%, кај алкохолот од 4,6% и кај ноќевањата од 14, 5%. На месечна основа зголемувањето на цената на услугите во угостителските објекти кај „храна“ е за 0,3%, кај „алкохолни пијалаци“ зa 0,3% и кај „ноќевања“ за 0,1%.
Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – август 2024 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 5,5%, додека во однос на декември 2023 година е зголемен за 2,6%.
Фото – Kurt Kaiser, CC0, via Wikimedia Commons