Разговор со проф. д-р Венера Крлиу
Деновиве завршуваат уписите на Американ, но бројките на новозапишани студенти на IT ги надминуваат сите очекувања. Јасни се трендовите во земјата и странство, и се поголем број млади луѓе го бираат Американ како место каде што ќе го стекнат не само потребното знаење, туку и диплома со американска акредитација. Разговаравме со проф. д-р Венера Крлиу, проректор за настава на УАКС и ова се нејзините 10 причини за ваквиот бум.
- Комбиниранa настава
Факултетот за компјутерска техника и информатика (ФКТИ) нуди комбиниран пристап кој вклучува и теоретска, но и практична обука.
- Американска акредитација
Американ има американска акредитација, што значи дека УАКС дипломата е признаена и прифатена во целиот свет.
- Професори и предавачи
На Американ предаваат топ професори со богато академско искуство, но и индустриски практичари кои нудат практична експертиза во најновите технологии.
- Интегрален пристап
Холистичко образование и интеграција на теоретското знаење со практичната примена. Преку проектна работа, се подобруваат вештините за решавање проблеми.
- Студии на англиски јазик
Ова не значи само учење терминологија, туку и ефективна комуникација на сложени идеи јасно и самоуверено на англиски јазик, како витална вештина денес.
- Критичко мислење
На Американ, студентите не учат само да кодираат; туку и да размислуваат критички, да дејствуваат етички и да придонесуваат значајно во општеството.
- AI интегрирана во настава
Вештачката интелигенција не само што е централен фокус на наставната програма на ФКТИ, туку е и високо интегрирана во самата наставна програма.
- Креативно учење
Студентите се охрабруваат да ја истражуваат елеганцијата и едноставноста на решенијата, без разлика дали се во кодирање, математика или решавање проблеми.
- Конкурентност
Алумни студентите на Американ се насекаде – од IT поддршка во банки и телекомуникациски компании, па сѐ до инженерски позиции и сопственици на стартапи.
- Придонес за општеството и заедницата
На Американ не се станува само инженер, туку многу повеќе од тоа – се станува оформен, активен и креативен чинител со значителен придонес во општеството.