Се стопира производството на електричниот Fiat 500 поради слабата побарувачка

- Advertisement -

Француско-италијанскиот автомобилски гигант Stellantis објави дека го запира производството на електричниот модел Fiat 500 на четири недели поради слабата побарувачка.

Голем број производители на електрични автомобили се соочуваат со намален број на купувачи во Европа.

- Advertisement -

Stellantis, која поседува и голем број други марки како Maserati, Opel, Citroen и Peugeot, го произведува електричниот модел Fiat 500 во Торино во фабриката Mirafiori. Компанијата најави и дека значително ќе ја трансформира таа фабрика за автомобили и ќе инвестира 100 милиони евра во неа. Таа инвестиција се очекува да биде за развој на хибридна верзија на сега целосно електричниот модел.

Компанијата го направи овој потег бидејќи европскиот пазар на електрични возила (EV) продолжува да бележи пад на побарувачката, што особено ги погодува европските производители на електрични возила, кои се борат да бидат во чекор со кинеските.

- Advertisement -

Ова доведе неколку европски производители на електрични возила, како и производители на батерии, повторно да го приспособат своето производство и очекувањата за да ја земат предвид намалената побарувачка во наредните месеци.

Сепак, не се само европските производители на електрични возила кои се борат со ова, бидејќи различните политики за зелени стимулации на глобално ниво, исто така, создадоа пречки за меѓународните производители на електрични возила.

- Advertisement -

ЕУ, исто така, неодамна воведе повисоки царини за кинеските производители на електрични возила, тврдејќи дека Пекинг неправедно ги субвенционира овие компании дозволувајќи им да ги продаваат своите возила во Европа по многу пониски цени отколку што се всушност.

Сепак, одлуката може да има негативни последици за намерите на ЕУ да ги достигне целите за нулта емисија на стакленички гасови бидејќи кинеските возила се најпопуларни меѓу сопствениците на ЕВ во ЕУ поради цената.

(Бизлајф)

Фото – Pixabay

Сподели!
- Advertisement -