Oд ноември се укинува авио линијата меѓу Скопје и Сараево

- Advertisement -

Грчката авиокомпанија „Ејџијан ерлајнс“ од 29 ноември ќе ги прекине летови меѓу Скопје и Сараево, по повеќе од една година оперирањето на оваа релација, објави специјализираниот портал „Екс Ју авијација“.

Ејџијан ерлајнс, стои во објавата, првично планираше да ја опслужува линијата три пати неделно во ноември и декември и двапати неделно од јануари. Потоа планираше летови до 7 декември, со ограничена работа за време на празничниот период од крајот на декември до почетокот на јануари, но сега ги отстрани сите летови од крајот на ноември.

- Advertisement -

Продажбата на билети на линијата за летната сезона во 2025 година исто така е прекината.

На крајот на август „Екс Ју авијација“ објави дека „Ејџијан Ерлајнс“ во зимската сезона ќе го намали бројот на летови на линијата Атина – Скопје и ќе ја опслужува четирипати неделно, што е намалување во однос на шесте летови неделно во претходната зимска сезона. Линијата Скопје-Атина, по десетгодишен прекин, профункционира од ноември 2018 година.

- Advertisement -

Фото – Flickr

Сподели!
- Advertisement -