По речиси пет дена во орбитата, капсулата Crew Dragon на SpaceX и нејзиниот четиричлен екипаж на мисијата Polaris Dawn безбедно слетаа во морето во близина на брегот на Драј Тортугас на Флорида, означувајќи го крајот на првата вселенска мисија на компанијата на Маск во која комерцијалните астронаути добија можност да се шетаат во вселената.
Од SpaceX не откриваат колку милијардерот Џаред Ајзакман, главниот финансиер на мисијата, платил за овој лет и можноста да шета во вселената. Но, ова може да означи нова ера на вселенски туризам, која на Илон Маск ќе му донесе куп пари за да можат да продолжат да бидат најдоминантната приватна вселенска компанија во светот, која ги нуди своите услуги за вселенски летови на државните вселенски агенции, но и на приватни корисници кои сонуваат за вселенски лет.
За време на својата повеќедневна мисија во орбитата Dragon и екипажот достигнаа максимална височина од 1.408,1 km, што е највисоката орбита на Земјата достигната досега од програмата Apollo. Тие учестуваа и во првата „Extravehicular Activity“ (EVA) на SpaceX, односно активност надвор од вселенското возило носејќи костуми развиени од SpaceX.
Тие, исто така, спроведоа околу 36 истражувачки студии и експерименти од 31 партнерска институција, дизајнирани да го подобрат здравјето на луѓето на Земјата и за време на долготрајните вселенски летови, а ги тестираа ласерските комуникации на Starlink во вселената.
(Vidi.hr)
(фото: Flickr)