Alibaba претстави повеќе од 100 модели на вештачка интелигенција

- Advertisement -


Кинеската компанија Alibaba вчера претстави повеќе од 100 нови модели на вештачка интелигенција (AI) со отворен код и нова алатка која го претвора текстот во видео. Новите модели, познати како Qwen 2.5, се дизајнирани за употреба во различни сектори – од автомобилизам и игри до научно истражување и имаат напредни математички и кодирање вештини, велат од Alibaba.

Новите модели на вештачка интелигенција се со отворен код, што значи дека истражувачите, академиците и компаниите ширум светот можат да ги користат за да создадат свои генеративни апликации за вештачка интелигенција без да мора да тренираат сопствени системи, пренесува CNBC.

- Advertisement -

Alibaba очекува дека поради политиката со отворен код, уште повеќе корисници ќе почнат да ги користат нејзините модели со вештачка интелигенција. Компанијата соопшти дека го надградила својот водечки модел наречен Qwen-Max, кој не е со отворен код, додавајќи дека сега е подобар во некои параметри од слични модели од Meta или Open AI.

Alibaba, исто така, лансираше нова алатка за текст во видео базирана на нејзините модели со вештачка интелигенција. Компанијата се надева дека нејзината најнова понуда за вештачка интелигенција би можела да ги привлече клиентите во Кина и надвор од земјата да се пријават за нејзините услуги за компјутерски облак.

- Advertisement -

(Bizlife)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -