Популарната платформа за барање работа Linkedin ненајавено ја ажурираше својата политика за приватност, која сега вели дека податоците од корисниците се користат за обука на модели за вештачка интелигенција (AI).
„Можеме да ги користиме вашите лични информации за да ги подобриме, да ги развиеме производите и услугите, да развиеме и да обучуваме модели за вештачка интелигенција (ВИ), да развиеме, да ги обезбедиме и да ги персонализираме нашите услуги и да стекнеме увид користејќи вештачка интелигенција“, се вели во ажурираната политика за приватност на LinkedIn.
Корисниците кои не сакаат LinkedIn да ги користи нивните приватни податоци може да ја исклучат дозволата со одење на опцијата Data Privacy и потоа кликнување на Data for Generative AI Improvement и исклучување на оваа функција, пренесува порталот Verge.
(The Verge)
(фото: ndla.no)