Нови цени на горивата

- Advertisement -

Новата цена на еуросупер БС-95 ќе биде 75 денари, на еуросупер БС-98 77 денари, а на еуродизел (Д-Е-V) ќе изнесува 67,50 денари“, информираат РКЕ

Од полноќ се зголемуваат цените на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 за 1,50 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Оттаму информираат дека ќе се зголеми и цената на дизелот еуродизел (Д-Е-V) и на екстра лесното масло за домаќинство за 0,50 денари.

„Така, новата цена на еуросупер БС-95 ќе биде 75 денари, на еуросупер БС-98 77 денари, а на еуродизел (Д-Е-V) ќе изнесува 67,50 денари“,велат од комисијата.

- Advertisement -

Маслото за горење екстра лесно ќе се продава за 66,50 денари. За 0,499 денари поскапува мазутот и за еден килограм ќе чини 41,827 денари.

Сподели!
- Advertisement -