Се затвора пиварница стара 334 години

- Advertisement -

Пиварницата Gasthaus Schlössle, која произведува сопствено пиво од 1690 година, што ја прави една од најстарите пивари во Баварија, ќе заврши со своето производство на крајот на декември.

Пиварницата од Ној-Улм повеќе не може да се носи со пазарот. По 334 години, пиварницата мора да го прекине производството. Косопственичката Криста Золер за Bild објаснува дека потрошувачката на пиво опаѓа бидејќи цените на суровините и енергијата растат.

- Advertisement -

„Десет години правиме загуба со бизнисот со пиво. Производството на пиво сега изнесува 100.000 литри – во 2018 година изнесуваше 150.000 литри. Само на ресторанот во склоп на пиварницата му оди многу добро и треба да остане. Без нив, одамна ќе моравме да престанеме да произведуваме пиво“ вели Золер.

Гајба од 12 шишиња од најпродаваното пиво „мерзен“ чини 13,50 евра, но според Кристи Золер, ова е премалку.

- Advertisement -

„Цената би морала да биде речиси двојно повисока, тогаш повторно би можеле да потрошиме пари на нови системи. Но, тоа не може да се постигне на пазарот“ додава таа.

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -