Германија, најголемата европска економија, оваа година би можела да ја заврши со економски пад.Водечките германски економски институти ги намалија своите прогнози за 2024 година и сега веруваат дека тамошната економија би можела да падне за 0,1 отсто на крајот на оваа година, пренесува Ројтерс повикувајќи се на анонимни информирани извори.
Минатата година германската економија беше најслаба меѓу големите земји од еврозоната и забележа пад од 0,3 отсто. Изворите велат дека инфлацијата во Германија оваа година би можела да падне од 5,9 отсто, колку што беше забележано во 2023 година, на 2,2 отсто, што приближно одговара на целите на Европската централна банка (ЕЦБ), која сака одржливо да ја намали инфлацијата во еврозоната на два проценти.
Германската економија е под зголемен притисок, а деловното расположение повторно е во опаѓање и најлошо во последните осум месеци, се заклучува денеска во посебен извештај на Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен.
Фото – Pixabay