Традиционално и оваа година, на третата годишна конференција на„Ingram & Vendors Networking #3“ што се одржа во Охрид, над 170-мината учесници ги утврдија најновите трендови во ИТ секторот, ставајќи фокус на надминувањето на ризиците во сајбер-безбедноста, како и унапредувањето на софтверите и виртуелизацијата.
Водечките ИТ експерти ги претставија најновите текови во ИТ сферата и споделија мислења со партнерите и студентите кои наскоро ќе станат дел од таа фела.
„Од исклучителна важност за нас е тоа што ова вмрежување стана традиционален настан на кој ги воспоставуваме насоките во кои ќе се модернизира ИТ секторот. Во изминатите 45 години, покажавме и докажавме дека за нас не постои ненадминлив предизвик и дека знаеме и умееме како за нашите партнери и клиенти да создадеме услуги кои се идеални за нивното работење. Она што сакам да го ветам, е тоа дека „Инграм Микро“ останува посветен да си ја зачува титулата „водечка компанија во ИТ индустријата“. Чест ни е што во континуитет остануваме посветени на нашата дејност“, потенцираше генералниот директор за Македонија, Албанија и Косово на „Инграм Микро“, Филип Силјановски.
Препознавајќи ги заложбите на „Инграм Микро“ и важноста на компанијата за македонската економија и дигиталната трансформација, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, на конференцијата порача дека приватниот сектор е стратешки партнер на зацртаните цели за планираната дејност на Министерството.
„Партнерството што го гради Владата со граѓаните и особено со приватниот сектор, е клучен инструмент доколку сакате да изградите еко-систем што е целосно функционален. Дигиталната трансформација на Македонија мора да биде поттикната од активностите и на приватниот и на јавниот сектор. Само преку синергија можеме да постигнеме вистински успех во дигиталната трансформација“, рече Андоновски.
Владимир Поповиќ, извршен директор на „Инграм Микро“ за Југоисточна Европа, ја истакна важноста од континуираното зајакнување на односите со клиентите и партнерите.
– Нашиот успех се темели на доверба и поддршка, столбовите кои се основата на долготрајните врски, персонализиран пристап и посветеност кои се рефлектираат во јакнењето на нашите партнерства од година во година. Инграм Микро обезбедува сеопфатна поддршка во четири клучни области – логистичка, маркетинг, техничка и финансиска, со цел да бидеме сигурни дека нашите партнери постојано напредуваат“, рече Поповиќ.
Слободан Милидраг, експерт за решенија за сајбер-безбедност во Инграм Микро, нагласи дека нивниот пристап е создаден се со цел да им помогне на бизнисите да ги заштитат своите податоци и да бидат подготвени да с справат со сите предизвици во оваа област.
Петар Маркота, инженер за безбедност, го претстави Check Point’s Harmony SASE, првото хибридно SASE решение во светот.
„Со користењето на cloud и работата од далечина, традиционалните безбедносни модели наидоа на предизвици, токму затоа како најдобро решение го лансиравме
Harmony SASE што нуди комплетна заштита со двојно поголема брзина“, истакна Петар Маркота, инженер за безбедност во Check Point, кој воедно говореше и за интеграцијата на напредните принципи SD-WAN и Zero Trust технологија кои ја подобруваат безбедноста и поврзувањето.
Зоран Чолиќ, експерт за Staff Solutions, од VMware by Broadcom, VMware Cloud Foundation 5.2 им овозможува на бизнисите флексибилност и ефикасност да управуваат со операциите во нивните центри за податоци на многу поедноставен начин.
„Ние ги претставуваме подобрените карактеристики, вклучително и хибридните решенија за cloud, кои им нудат на бизнисите беспрекорна безбедност и флексибилност. Овие иновации гарантираат дека организациите можат ефикасно да ги заштитат и управуваат со своите податоци во денешниот дигитален свет кој брзо се развива“, презентираше Немања Пејиќ, системски инженер на Veeam.
Гоце Јанкулоски, менаџер на Dell, се осврна на нивната фабрика за вештачка интелигенција, посочувајќи дека со неа тие обезбедуваат нивните корисници да добијат флексибилност, безбедност и ефикасност во секоја фаза од користењето на вештачката интелигенција.
„Нашата компанија продолжува да нуди разноврсни алатки кои ги задоволуваат растечките барања на индустриите како што се малопродажбата, здравството и логистиката. Со глобална мрежа на партнери, сме посветена на поддршката на дигиталната трансформација на претпријатијата ширум светот“, заклучи Неша Видоевиќ, инженер за продажба од Zebra Technologies .
Христо Георгиев, претставник за продажба од Lenovo, нагласи дека компанијата е посветена на испорака на модерни решенија за центри за податоци кои ќе им овозможат на бизнисите да постигнат супериорни перформанси и приспособливост.
„Нашата мисија како компанија е да ги диктираме промените, така што преку Experience-First Network, обезбедуваме сигурни, сеопфатни и автоматизирани решенија за WAN. Со интегрирање на платформите преку вештачката интелигенција, ја трансформираме иднината на вмрежувањето, давајќи им на бизнисите можност за да напредуваат“, додаде на крај Александар Лакета, менаџер за продажба во Juniper Networks.
Учесниците на конференцијата заклучија дека конференцијата претставува исклучителна можност за размена на мислења и споделувања на знаења, што овозможува кариерен напредок во нивната област.