Отворен е повикот за новата генерација млади европски амбасадори

- Advertisement -

Пристигна октомври, во тон со смелите бои на иницијативата „Млади европски амбасадори“ (МЕА).Новиот повик за апликации за мрежата на Младите европски амбасадори беше објавен на 1. октомври на веб-страницата webalkans.eu.Платформата „Млади европски амбасадори“ е енергична мрежа која ја сочинуваат млади активисти од Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија). Младите европски амбасадори доаѓаат од различни средини, но ги обединува заедничката визија за Западен Балкан обединет со разноликост, меѓусебно разбирање и соработка со Европската Унија.Мрежата на МЕА е отворена за млади од различни средини, со разни интереси и пасии. Секој потенцијален млад европски амбасадор носи со себе визија – и без оглед на тоа дали станува збор за визија за придонес кон зелена трансформација на заедницата, развој на нов софтвер, застапување на човековите права или одгледување органска храна на семејната почва, секој потенцијален млад европски амбасадор придонесува кон разноликоста и унапредувањето на заедницата.Сите млади на возраст од 18 до 29 години кои доаѓаат од Западен Балкан се добредојдени да аплицираат. Дополнителните критериуми, како и вредносните критериуми, им се достапни на апликантите на страницата СтаниМЕА.Процесот на аплицирање ќе трае од 1. до 31. октомври.Со цел да им помогне на кандидатите при процесот на аплицирање, WeBalkans ќе организира Отворени денови на МЕА ширум регионот, за време на кои членовите на мрежата ќе споделуваат корисни информации за мрежата на МЕА и ќе им помогнат на кандидатите успешно да аплицираат. Откријте која локација Ви е најблиску на страницата Настани на МЕА.Споделете! Кажете ДА на МЕА! #YESTOYEA

Сподели!
- Advertisement -