Ова се првите дронови произведени во БиХ

- Advertisement -

На саемот во Зеница, ЗЕПС ексклузивно беше претставен новиот бренд со име BH Dron. Станува збор за дрон со највисоки технолошки перформанси во светот, со распон на крилата од три метри, со можност за вертикално полетување. Зад овој проект стои Центарот за техничко технолошко тестирање Сараево (CTTI).

Во ЗЕПС беа претставени два вида беспилотни летала, Таyан и Ban-1, кои наскоро ќе почнат да се произведуваат во Босна и Херцеговина. Дроновите се исклучиво наменети за цивилна и комерцијална употреба.

- Advertisement -

„По неколкугодишни преговори и анализи за тоа што е најпотребно на нашиот пазар во однос на дронови, успешно го завршивме првиот дел, а тоа е лиценцирање и потпишување на договорот за производство. Деновиве, токму на саемот ЗЕПС, сакаме да ги презентираме карактеристиките и можностите на нашите дронови на сите заинтересирани страни. Она што треба да се истакне е дека веќе остваривме контакт со сите релевантни институции во боласта производство на дронови, контрола, управување и едукација. Вчера потпишавме договор за деловно-техничка соработка со Факултетот за сообраќај и комуникации на Универзитетот во Сараево“ изјави Асим Хаџиќ, директорот на CTTI.

BH Dron ќе има многу широка употреба, во геодезијата, спасувачките служби, земјоделството, туризмот и други области. Главните карактеристики и предности на овој дрон се големиот радиус при контрола на дронот, леснотијата на контрола, лоцирањето од далечина, долгорочниот лет, ноќните (термални) и дневните камери.

- Advertisement -

Беспилотното летало Tayan исто така има голема предност бидејќи користи комбинација од крила и пропелери.

До неодамна на ваквите беспилотни летала им беше потребна писта за полетување и слетување.

- Advertisement -

„Нашето беспилотно летало има вертикално подигање, односно полетува вертикално и му треба многу малку простор за да полета“, истакнува Хаџиќ.

(Klix.ba)

(фото: klix.ba)

Сподели!
- Advertisement -