Засега нема промена во времетраењето на евтината тарифа

- Advertisement -

Ако се воведе евтина тарифа од 12 до 16 часот, ќе треба да се укине евтината тарифа од 22 до 24 часот, вели првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски

Дополнителен час евтина струја преку ден нема да има до крајот на годината и покрај тоа што цената на електричната енергија во периодот од 12 до 16 часот е најевтина на берзите. Анализите на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) покажале дека ако се воведе евтина тарифа од 12 до 16 часот, ќе треба да се укине евтината тарифа од 22 до 24 часот. 

- Advertisement -

„За жал од 20 до 24 часот цените се убедливо високи. Тоа е удар поради случувањата со цените во регионот“, вели првиот човек на Регулаторката комисија, Марко Бислимоски. 

Ова регулаторно тело правело анализи од 2021 до септември 2024 година, коишто покажале дека немало услови за евтина дневна тарифа во првите три години, кога и започна интересот за поставување на фотоволтаици.Но, од јануари годинава до септември имало тренд од најниски цени во секој час во периодот од 12 до 16 на берзата ХУПЕКС во Унгарија кои во просек биле под 50 евра за мегават/час. 

- Advertisement -

„РКЕ нема да се откаже од воведувањето на евтината дополнителна тарифа, но не сакаме да предизвикаме дополнителни проблеми во ЕСМ затоа што зголемената потрошувачка во дневна евтина тарифа ќе треба да се надомести од некаде“, вели Бислимоски. 

- Advertisement -

Сподели!
- Advertisement -