Црна Гора ги забрани пластичните кеси. Драконски казни за непочитување

- Advertisement -

Црна Гора ги забрани пластичните кеси. Драконски казни за непочитување Во Црна Гора од денеска е забранета употребата на пластични кеси и пластика за еднократна употреба, согласно Законот за управување со отпад.За непочитување на оваа законска одредба се предвидени казни од 1.000 до 40.000 евра. Законот за управување со отпад стапи на сила на 20 април, а спроведувањето на неговите одредби е предвидено шест месеци по неговото стапување во сила, јавуваат црногорските медиуми.

Покрај пластичните кеси, ќе бидат забранети и пластичните сламки, како и приборот за јадење и одредени кутии за пакување храна.

- Advertisement -

Од 1.000 до 40.000 евра може да се казнуваат трговците кои ќе го игнорираат законот, а казните за физичките лица се од 500 до 2.000 евра, пренесува Капитал.

Сподели!
- Advertisement -