Регулаторната управа за електронски и поштенски комуникации во Приштина (АРКЕП) и додели на американската компанија Starlink пристап до интернет на секоја локација во Косово.
„Ширум светот Starlink им обезбеди на заедниците кои имаат потреба од пристап до образование, здравствени услуги, им овозможи работа на далечина и обезбеди критична комуникациска поддршка за време на природни катастрофи или други национални итни случаи“, се вели во соопштението.
Од АРКЕП додаваат дека влезот на оваа глобална компанија на домашниот пазар ќе влијае и на економските придобивки и севкупниот развој на Косово.
Starlink е приватна интернет сателитска мрежа во сопственост на компанијата на милијардерот Илон Маск, SpaceX. Се верува дека Starlink има околу 4.800 уреди во орбитата, преку кои се обезбедува интернет во околу 100 земји во светот.
Маск одлучи да и понуди пристап на Украина до оваа мрежа по почетокот на руската војна во Украина во февруари 2022 година, кога таа земја остана без комуникациски линии.
Starlink го користат милиони луѓе ширум светот бидејќи нуди побрз интернет од некои локални провајдери. Доволно е да ја побарате најблиската адреса на веб-страницата на компанијата, а потоа да платите за да ја добиете услугата.
(Bizlife)
(фото: Starlink)