Откриен е додаток во исхраната кој ја намалува агресијата до 28%

- Advertisement -

Останете смирени и пробајте омега-3. Масните киселини, достапни како додатоци во исхраната преку капсули со рибино масло и за кои се смета дека помагаат во менталната и физичката благосостојба, исто така, може да ја намалат агресијата, според една нова студија.

Овие наоди не се појавија од никаде: омега-3 претходно беа поврзани со спречување на шизофренија, додека агресијата и асоцијалното однесување се смета дека делумно произлегуваат од недостаток на исхрана. Она што го јадеме може да влијае на хемијата на нашиот мозок.

- Advertisement -

Истражувачите од Универзитетот во Пенсилванија направија претходни, помали студии за ефектите на суплементацијата на омега-3 врз агресијата. Нивната мета-анализа разгледа 29 рандомизирани контролирани испитувања на вкупно 3.918 учесници.

Во текот на сите испитувања бил пронајден скромен, но забележлив краткорочен ефект, што значи намалување на агресијата до 28% во повеќе различни варијабли (вклучувајќи возраст, пол, медицинска дијагноза и должина и доза на третман).

- Advertisement -

„Мислам дека е дојдено време да се имплементира суплементацијата на омега-3 за да се намали агресијата, без разлика дали амбиентот е заедницата, клиниката или системот на кривичната правда“, вели неврокриминологот Адријан Рејн.

Испитувањата вклучени во студијата, спроведени меѓу 1996 и 2024 година, траеле во просек 16 недели. Тие опфаќале различни демографски податоци, од деца на возраст од 16 години и помали до постари луѓе на возраст меѓу 50 и 60 години.

- Advertisement -

Уште повеќе, намалувањето на агресијата вклучувало и реактивна агресија (како одговор на провокација) и проактивна агресија (однесување планирано однапред). Пред оваа студија не беше јасно дали омега-3 може да помогнат со овие различни видови на агресија.

Иако ќе бидат потребни поголеми студии во подолги временски периоди за понатамошно воспоставување на оваа врска, тоа придонесува за нашето разбирање за тоа како таблетите од рибино масло и омега-3 во нив може да бидат корисни за мозокот.

„Во најмала рака, родителите кои бараат третман за агресивно дете треба да знаат дека покрај секој друг третман што го добива нивното дете, дополнителна порција или две риби секоја недела исто така може да помогнат“, вели Рејн.

Истражувачите мислат дека нешто во начинот на кој омега-3 го намалува воспалението и ги одржува виталните процеси на мозокот може да помогне да се регулира агресијата. Сè уште има многу неодговорени прашања, но тимот сугерира дека има доволно докази за да се разгледа ова понатаму.

Ако ги додадеме на тоа студиите кои покажуваат дека лековите добиени од рибино масло можат да помогнат во намалувањето на ризикот од фатални срцеви напади, мозочни удари и други здравствени проблеми на срцето, се чини дека има многу предности во додавањето на некои омега-3 во вашата исхрана.

„Омега-3 не е магичен лек што целосно ќе го реши проблемот со насилството во општеството. Но, дали може да помогне? Врз основа на овие наоди, ние цврсто веруваме дека може и треба да почнеме да дејствуваме според новото знаење што го имаме“, вели Рејн.

Истражувањето е објавено во Agression and Violent Behavior.

(Science Alert)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -