Преку потпишување на меморандум за соработка, Фондацијата ПРЕДА Плус и Blue Prime Институт ја демонстрираат својата заложба за поттикнување на одржлив економски развој во земјата и регионот. Фокусот на ова партнерство е ставен на поддршна на зелената и сината транзиција , како и на решенија водени од иновации кои ќе придонесат за развој на економијата и еколошки подобрувања, со акцент на двата региони, Пелагониски и Југозападен регион.
Преку своите акцелераторски програми за поддршка на стартапи, двете организации континуирано се посветени на проекти кои се насочени кон справување со климатските промени, развој и поддршка на иновативни бизнис решенија во земјоделието и туризмот, одржливите финансиии примената на новите технологии. ПЛУС Акцелераторот на фондацијата ПРЕДА Плус во Ресен и Ohrid Blue Economy Accelerator на Prime Институтот во Охрид се уникатни платформи за поддршка на стартап компании со иновативни решенија кои можат да придонесат кон одржлив економски развој посебни во региони базирани на јаглен кои забрзано ја заполнуваат својата зелена транзиција.
Потпишувањето на меморандумот претставува чекор напред во правец на заедничка соработка и отвара нови можности за иновативни иницијативи за животната средина и луѓето посебно значајни за двата региони кои традиционално ја темелат својата економија и развој на јагленот Во ова партнерство, фондацијата ПРЕДА Плус и Blue Prime Институтот не се сами и ќе црпат знаење од своите стратшки партнерства со земји кои веќе го поминале овој пат или го врват како Словенија, Италија и Грција.
Зоран Мартиновски, претседател на Blue Prime Институт, истакнува дека соработката ќе опфати проекти во стратешките сектори како одржливо земјоделие, одржлив туризам, индустриски практики, обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност, и модернизација на комуналните услуги преку системи за прочистување на вода и управување со цврст отпад. Специјален фокус ќе биде ставен на развој на зелени вештини, со цел поддршка на стартапи и иновации кои ќе придонесат за еколошка и економска одржливост на регионот.
Разговараме со Лидија Ангелкова од ПРЕДА Плус за стратешкото партнерство со Blue Prime Институт, придобивките на акцелераторската програма за Agritech и Tourtech за поддршка на стартапи и за иднината на ПЛУС Акцелераторот во Ресен.
Кои се најзначајните резултати од досегашните активности на ПРЕДА Плус во Преспанскиот регион, особено во поддршката на стартапи фокусирани на развој на нови технологии во земјоделието и какви придобивки очекувате од соработката со Blue Prime Институт за понатамошен одржлив развој на регионот?
„Соработката со Blue Prime Институт ја претставува следната фаза во нашите заложби за еколошки и економски напредок на Пелагонискиот и Југозападниот регион. Досегашната работа на ПРЕДА Плус во Преспанскиот регион за поддршка на иновации во земјоделско-прехрамбената индустрија веќе покажува позитивни резултати, и сега, преку ова партнерство, целиме да го прошириме тој импакт на зелена транзиција во регионот.
Од 2018 година, ПРЕДА Плус е клучен играч во поттикнувањето на стартап заедницата во Пелагонискиот регион и низ државата. Преда Плус досега успешно реализираше осум стартап програми, а програмата за Agritech и Tourtech претставува деветтата по ред. Нашата мисија е да им обезбедиме на стартапите образование, ресурси и можности кои им се потребни за успешно градење, растење и скалирање на своите компании. Стартап програмата Agritech и Tourtech на Преда Плус Фондацијата им понуди на иновативните стартапи можност да ја претворат бизнис идејата во реалност. Програмата беше специјално дизајнирани за стартапи фокусирани на развој на нови технологии кои имаат потенцијал значително да влијаат на овие индустрии во преспанскиот регион.
На повикот за технолошки ориентирани бизнис решенија кои ќе поттикнат иновации во земјоделско-прехрамбената индустрија и одржливиот туризам, распишан од Преда Плус беа пријавени вкуно 46 бизнис идеи од цела држава. За учество во стартап програмата, според претходно одредени критериуми, во месец јуни 2023, беа селектирани вкупно 10 бизнис идеи
Од нив 5 потпишаа договори за грантовата шема на ГИЗ, добивајќи уникатна можност да добијата грант до 50.000 евра за реализација на нивната бизнис идеја.“
Што го прави Плус Акцелераторот во Ресен иновативен и различен од другите програми, и какво влијание ќе има врз развојот на земјоделството, образованието и економијата во Пелагонискиот регион?
“Плус Акцелераторот носи свеж пристап, ставајќи ја најсовремената технологија на дофат на целата заедница. Со поддршка од домашни и странски експерти, спроведени се детални истражувања за проценка на можностите за поставување на архитектура која ќе стимулира стартапи во регионот на Преспа за користење на IoT (Internet of Things) технологијата. На основа на оваа проценка, се очекува создавање на технолошка инфраструктура која ќе отвори нови можности за иновации и економски развој.
Како отворен ресурс, Плус Акцелераторот ќе биде достапен за претприемачи, земјоделци и истражувачи кои сакаат да ги тестираат своите иновативни идеи,технолошки решенија за земјоделството, колаборативни проекти и размена на идеи меѓу учениците, наставниците и локалната заедница, поттикнувајќи иновации во земјоделството и технолошкиот сектор.
Со овој пристап, Плус Акцелераторот ќе функционира како инкубатор за идеи и платформа за економски развој на Преспанскиот регион.
Со овие придобивки, Плус Акцелераторот во Ресен ќе има значителна улога во промовирање на иновациите, образованието и одржливото земјоделство, поддржувајќи ја целата заедница во постигнување на повисоки технолошки и економски стандарди.“
Марија Евтимовска е дел од стартап програмата на „Преда Плус“, каде својата иновативна идеја за јаболкови производи успеа да ја развие во конкретен бизнис концепт со поддршка и насочено менторство.
Како процесот на менторство и грантовата поддршка од ГИЗ влијаеа на развојот и реализацијата на Вашата идеја, и кои се најважните лекции што ги извлековте од учеството во програмата на „Преда Плус“?
“Нашето искуство со програмата на Преда Плус уште еднаш потврди дека со соодветна помош и насочено менторство, иновативните идеи можат успешно да се претворат во одржливи бизнис решенија. Веќе подолго време, ние развиваме идеја која што претставува иновација во креирање на нов стандард во производството и конзумацијата на јаболкови производи. Програмата на Преда плус за поддршка и развој на бизнис идеи беше совршена можност сериозно да ја развиеме идејата во реален бизнис концепт.
Целокупното менторство и концептот на програмата беа извонредни, бидејќи ни обезбедија поддршка и знаење за ефективно претставување на нашата бизнис идеја. Дополнително, грантот од Европската Унија беше од клучно значење за успешната реализација на проектот.
Програмата на ПРЕДА Плус е одлична можност за сите кои имаат визија, но им е потребна насока и поддршка за да ја претворат својата идеја во одржлив бизнис. Ваквите програми за развој на бизнис идеи и инвестициите во Преспанскиот регион се важен поттик за развој и иновации “
Соработката помеѓу ПРЕДА Плус и СОУ “Цар Самоил“ во Ресен е значаен чекор кон поддршка на младите и развој на иновациите во Преспанскиот регион. Со поставување на ПЛУС Акцлераторот во училиштето и потпишувањето на тригодишниот договор за соработка со Преда Плус, изградена е цврста основа за работа и можност за поттикнување на технолошкиот и иновацискиот развој кај младите.
„Отворањето на Плус Акцелераторот во рамките на нашето училиште, СОУ “Цар Самоил“ во Ресен, е голем чекор напред за образованието и иновациите во нашата заедница и целиот Преспански регион,“ изјави директорката на училиштето, Динче Кочовска. „Овој акцелератор ќе им овозможи на учениците не само да се запознаат со најновите технологии, туку и да развијат вештини кои ќе бидат клучни за нивната иднина, со посебен акцент на нови технологии во земјоделството – една од најважните гранки во регионот. Преку пристап до иновативни решенија, учениците ќе имаат можност да ја трансформираат ефикасноста и одржливоста на земјоделските практики, отворајќи пат за значајни промени и напредок во оваа област.”
ПЛУС Акцелератор Ресен – Споделување на искуства на учесниците во Agritech&Tourtech програмата на ПРЕДА Плус програмата
Реализирањето на акцелераторската стартап програма на Преда Плус Фондација во општина Ресен, е поддржано од проектот „ЕУ за економски раст“ кој е финансиран од ЕУ и Германското Сојузно Министерство за економски прашања и климатски акции, а имплементиран од страна на ГИЗ – Германското друштво за меѓународна соработка и Area Science Park.