Ни доаѓа суперинтелигенција – 10.000 пати попаметна од човекот

- Advertisement -


Масајоши Сон, јапонскиот милијардер кој стои зад Softbank и Arm Holdings, предвиде дека вештачка суперинтелигенција 10.000 пати попаметна од човечкиот мозок ќе биде создадена за околу една деценија, но со огромна цена.

Според неговата проценка, проширената верзија на вештачката интелигенција би можела да додаде околу 5% од глобалното економско производство до 2035 година, што ќе бара огромни инвестиции во чипови и енергија. Ќе бидат потребни 400 гигавати моќ на дата центрите и 200 милиони чипови, со кумулативна инвестиција од 9 трилиони американски долари.

- Advertisement -

Ова е причината зошто Nvidia – моментално највредната компанија во светот – е всушност потценета, убеден е Сон. Со тоа ниво на инвестиции, вештачката суперинтелигенција би можела да генерира дополнителни 9 трилиони долари во вредност годишно. Сон верува дека четири компании ќе остварат милијарди профити, а се надева дека неговата ќе биде еден од нив.

Сепак, во јуни годинава тој предвиде дека вештачката суперинтелигенција ќе стане реалност за три до пет години. Исто така, Softbank еднаш инвестираше во компанијата за споделување канцеларии WeWork, која неславно пропадна.

- Advertisement -

(Bug.hr)

(фото: Deviant Art)

Сподели!
- Advertisement -