Viber добива опција која говорот го претвора во текст

- Advertisement -

Viber постои веќе осум години, а во првите четири генерираше голем број корисници, па во 2014 година го купи јапонскиот гигант за е-трговија Rakuten. Денес има околу милијарда регистрирани корисници, кои постојано очекуваат нови опции и поедноставна комуникација.

Гласовните пораки вообичаено се користат затоа што се побрзи и поедноставни, бидејќи најголем де од корисниците побрзо зборуваат отколку што куцаат. Така, во рамките на Viber расте бројот на пораки кои се испратени во аудиоформа, а експертите претпоставуваат дека до тоа дошло атоа што се повеќе корисници се навикнуваат да даваат гласовни команди на дигиталните асистенит, па таа навика се пренесува и на комуникацијата со другите корисници.

- Advertisement -

Максималната должина на гласовните пораки на Viber е продолжена на 15 минути. Иако се побрзи за испраќање, гласовните пораки се понезгодни од текстуалните затоа што не може да се преслушаат во секоја ситуација, па од Viber најавија опција која во иднина гласовните пораки ќе ги претвора во текст.

Сподели!
- Advertisement -