Американската компанија Lumos успешно го финансираше својaтa новa паметнa кацига за велосипед наречен Lumos Nyxel на Kickstarter, која е отпорна на удари според стандардите TA 8776, CPSC и EN 1078 и доаѓа со многу интересни карактеристики.
Nyxel има лента од бели LED диоди напред и лента со црвени LED диоди во задниот дел. Двата ремени се обвиткуваат околу двете страни на кацигата, обезбедувајќи носителите да бидат видливи не само од предната и задната страна, туку и од страните.
Користејќи ја придружната апликација, корисниците можат да ги постават светлата да светат постојано, да трепкаат брзо или да трепкаат малку побавно. Едно USB полнење на литиум-полимерната батерија од 1.000 mAh наводно би требало да биде доволно за најмногу 14 часа работа.
Електрониката на кацигата е водоотпорна според стандадот IPX6, а акцелерометарот на кацигата ја активира задната LED лента да трепка брзо кога велосипедот ненадејно ќе забави, дозволувајќи му да дејствува како семафор, како што можете да видите од видеото во прилог.
Користејќи безжичен далечински управувач на воланот, корисниците можат да ги активираат двете ленти за да го сигнализираат правецот на претстојното вртење.
Со помош на вградена IMU (инерцијална мерна единица), уредот интегриран во кацигата ги мери движењето и силата во три насоки одеднаш, 1.000 пати во секунда. Ако се открие комбинација од фактори кои укажуваат на судар или пад, системот автоматски ќе алармира контакт за итен случај преку безжично поврзаниот паметен телефон на возачот.
(Vidi.hr)
(фото: Nyxel)