Отворен ден во Бимилк: Граѓаните се информираа за врвниот квалитет на млечните производи

- Advertisement -

На одбележувањето на Светскиот ден на квалитет, компанијата традиционално ги отвори вратите за заинтересираните граѓани, со цел да се запознаат со целиот процес на производство на млекото и на млечните производи, но и да се едуцираат за меѓународните стандарди за квалитет што Бимилк ги применува во секојдневниот производен процес.

Интересот на верните потрошувачи кои сакаа од прва рака и од врвни професионалци да научат за целиот процес на производство и контрола на млекото и млечните производи, беше голем. Тие се интересираа и добиваа одговори на сите прашања за работењето на најголемиот млекопроизводител на македонскиот пазар и во однос на широката палета производи на Бимилк. Дел од посетителите беа и студентите од Биотехничкиот факултет, кои се едуцираа за напредните процеси и стандарди што ги применува Бимилк во постигнувањето на квалитетот на производите.

- Advertisement -

Целта на компанијата е преку отворениот ден граѓаните да се уверат во квалитетот на производите кои секојдневно ги консумираат, но и да ги дегустираат производите кои досега немале можност да ги пробаат или пак се нови на пазарот.  

„Најголемата конкурентност на еден производ произлегува од квалитетот, тоа е она што ние го правиме, низ целиот процес, од фарма до трпеза, и тоа е изворот на нашата конкурентност. За да биде овој процес комплетно заокружен, од исклучителна важност е и транспарентноста и директната комуникација со нашите потрошувачи, кои се мотивот за нашата работа. Оттаму е и заложбата потрошувачите да бидат запознаени во целост со начинот и контрола на производството, за тие да стекнат уште поголема доверба во домашните производи кои секојдневно ги консумираат. Впрочем, од нивните желби и потреби започнуваат сите деловни процеси и активности во поглед на развојот, модернизацијата и стандардизацијата на производството“, изјави Александра Гроздановска, менаџер за контрола на квалитет и животна средина во Бимилк.   

- Advertisement -

Познавајќи ја важноста и сложеноста на процесот на одржување на квалитет, Бимилк традиционално, секоја година, го одбележува Светскиот ден на квалитет преку различни активности, често организирајќи слични отворени денови за сите заинтересирани граѓани, факултети и образовни центри, фирми и бизнис-партнери, со цел да им овозможи на своите купувачи запознавање со процесите на производство и контрола.

Со традиција уште од 1952 година, Млекара АД Битола е најголемиот производител на млеко и млечни производи во земјава, задоволувајќи ги секојдневно потребите на повеќе од милион потрошувачи.

Сподели!
- Advertisement -