Маск го собори сопствениот рекорд и стана уште побогат

- Advertisement -


Нето вредноста на имотот на американскиот богаташ Илон Маск достигна рекордни 347,8 милијарди долари, што е резултат на континуираниот раст на акциите на компанијата Tesla и новата рунда на финансирање oткако вредноста на неговата стартап компанија за вештачка интелигенција xAI беше проценета на 50 милијарди долари, пишува Bloomberg.

Бројните компании на Маск забележаа зголемување на вредноста откако изборната победа на Доналд Трамп го издигна во центарот на политичкото внимание.

- Advertisement -

Bloomberg додава дека акциите на Tesla пораснале за 3,8% во петокот, продолжувајќи да го поттикнува оптимизмот дека плановите на тимот на Трамп за автономни возила и субвенции за електрични возила ќе и дадат предност на компанијата на Маск пред конкуренцијата.

Маск, најбогатиот човек на светот, сега го собори сопствениот рекорд од 340,4 милијарди долари поставен во ноември 2021 година, според индексот на милијардери на Bloomberg.

- Advertisement -

(Tanjug)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -