Гаџетот го следи вашето здравје диркетно од тоалетната школка

- Advertisement -

Кинеска компанија разви гаџет кој се става во тоалетната школка и ја анализира урината. Имено, кинеската компанија Shanmu го претстави својот гаџет за следење на здравјето наречен Shanmu S1, кој е првиот целосно автоматизиран домашен медицински анализатор на урина, дизајниран да се монтира на внатрешниот ѕид на тоалетната школка. Благодарение на својот сензорски систем, гаџетот овозможува апсолутна квантитативна проценка на повеќе од десет молекули урина, користејќи ја технологијата на мултиспектрален систем.

Затоа, Shanmu S1 овозможува континуирано собирање урина, самоследење кај пациенти со хронични заболувања, помага во рано откривање на болести и обезбедува рецепти и упатства за исхрана преку придружна апликација со која се комбинира.

- Advertisement -

За анализа користи дигитални микрофлуидни чипсети развиени од компанијата, заедно со вештачка интелигенција и ќе ви достави сеопфатна анализа на урина директно до вашиот телефон за 10 минути.

Помеѓу здравствените индикатори кои ги обезбедува, компанијата ги издвојува шеќерот во урината, креатининот, протеините во урината, кетонските тела, pH вредноста, која се користи за проценка на киселинско-базната рамнотежа на телото, специфичната тежина на урината, што е се користи за проценка на балансот на вода во телото и нитрити, бели крвни зрнца и окултна крв во урината, кои се користат за проценка на воспалението.

- Advertisement -

Компанијата вели дека уредот е водоотпорен според стандардот IPX7 и има медицинска обвивка за да се осигура дека останува чист и не дозволува загадувачите да останат внатре.

Батеријата на S1 трае 2 месеци, а внатрешниот потрошен материјал трае до 6 месеци и лесно може да се замени.

- Advertisement -

Уредот ќе биде претставен на саемот CES 2025 во јануари, кога најверојатно ќе се знае неговата цена.

(Vidi.hr)

(фото: Shanmu)

Сподели!
- Advertisement -