Социјалното претпријатие БИЛКИЛАЈФ ја одржа првата ВИРТУЕЛНА ДОНАТОРСКА ЧАЈАНКА, во рамките на Кампањата „Денови за донирање” од срце, на здружението Конект, иницијатива која се спроведува во рамки на проектот на УСАИД „Партнерства за донирање“.
На настанот се споделија информации за полезноста на лековитите билки, за здравјето на човекот. На виртуелен донаторски штанд беа поставени производи од палетата на социјалното претпријатие, со цел присутните да може да купат и со тоа да донираат средства, а беа споделени можностите за донирање преку платформата ОпОп, телефонски број и останатите можности за донирањето. Целта на овој настан беше да се соберат средства за изработка на подвижни хербални градини за лица со попреченост и поддршка на инклузивен туризам,за да може да ги користат и со тоа да се влијае на нивното здравје, квалитет на живот, социјализација. Со тоа, ќе се придонесе кон промените, да се подобри пристапноста на туризмот за лицата со попреченост, односно и овие лица да имаат услови да да бидат туристи.Сето ова, во рамките на проектот на БИЛКИЛАЈФ, „Отвори го срцето – Поддржи хербален инклузивен туризам“.
На настанот свое излагање имаше извршната директорка на БИЛКИЛАЈФ, Марија Георгиевска,која се осврна за значењето на донаторството и важноста да се поддржат социјалните претпријатија.Потоа, обраќање на стручно лице, Др.Драган Јованов, Доктор по фитомедицина и агроекологија, кој зборуваше за значењето на билките и нивната полезност за здравјето, едуцирајќи ги присутните на Чајанката. Освен советите, имаше и размена на рецепти за чај, домашни и од странски култури, занимливости и краток квиз за билки со награди, во чај.
БИЛКИЛАЈФ е социјално претпријатие, кое се залага за одржлив развој и инклузивност, преку хербализам и искористување на неговиот потенцијал за туристички и економски цели, социјално претприемништво, циркуларна економија и инклузивност. Грижата за животната средина е определба, преку примена на циркуларната економија и зеленото претприемништво, со селектирање и повторна употреба на хербалниот отпад, за искористување на неговиот потенцијал. Нашите активности се насочени кон рурален развој преку хербалниот туризам, со нови иновативни форми, создавање туристичка понуда за сите граѓани, кои ќе можат да ги користат придобивките од лековитите билки и шумски плодови, вклучувајќи ги и лицата со попреченост, преку рекреативна хербална тура за лица со попреченост со лековити билки, прва од ваков вид на нашите простори. „БИЛКИЛАЈФ“ е социјално претпријатие кое дел од своите средства ги вложува во подобрување на квалитетот на живот на лицата со попреченост, во делот на пристапноста во туризмот, создавање услови да користат услуги, како и постигнување еднакви можности за вработливост и нивно економско зајакнување.
Здружените донaции можат да направат вистински промени. За да се поттикне што е можно повеќе луѓе да учествуваат, создадена е и онлајн платформа за групно донирање Оп Оп, со профил на социјалното претпријатие Билкилајф.
БИЛКИЛАЈФ во периодот на траење на кампањата, реализира и Караван за донирање, преку кој се поттикнува заедницата да гради култура за донирање. Исто така, организира серија едукативни презентации за прибирање средства за проектот „Отвори го срцето – поддржи хербален инклузивен туризам”.Караванот посети градинки, основни училишта, средно училиште, компании, кои покажаа свест за значењето на донирањето и едукацијата за него, уште кај најмладите.