- Advertisement -
ЗЕН е македонски бренд кој креира иновативна облека адаптирана на потребите на лицата со попречености. Зад него стои Гере Трипков, човекот, кој инспириран од својата состојба и потреби, започнува мисија да им помогне на лицата со хендикеп и нивните асистенти да се облекуваат побрзо и со помалку напор. Ревијата помина, а Гере веќе размислува за следнaта фаза од развојот на овој бренд кој е повеќе од облека. За тоа се неопходни повеќе средства за што се бараат поддржувачи.
Со Гере во новата епизода на Inovativnost Insights разговаравме и за вклученоста на лицата со попреченост во општеството, за институционалната поддршка и многу други теми.
- Advertisement -