Мирјана Јосифоска е млада претпримачка од Тетово која веќе неколку години успешно се пробива во светот на претприемништвото. Таа е препознатлива по уникатните дизајни на шапки за кои се инспирира како од семејната традиција на носење шапки така и од познатите холивудски ѕвезди чии имиња ги носат некои од нејзините модели на шапки. А, она што целата оваа приказна ја прави уште поуникатна е фактот што шапките ги изработува од текстилни остатоци кои ги добива од големите текстилни фирми во земјава, а во самиот процес на производство не креира отпад. Оној материјал кој што ќе остане по кроењето на шапките завршува како стегач или друг додаток за коса! Со ова Мирјана сериозно се позиционираше во сферата на одржлива мода за што има и освоено награди на европско ниво.
Oдржливата мода, објаснува таа, подразбира дизајнерот да знае какви материјали користи, дали при нивното производство бил злоупотребен труд итн. но и и дали процесот на производство на производите креираат отпад или загадување.
“Да се биде млад претприемач е задоволтсво, но на тој пат има големи предизвици. За еден млади претприемач да може да расте и да се развива најважно е менторство и поддршка од околината. Да, финансиите се важни но многу важно е менторството кое ќе го добиеме за да ви укаже како правилно да управувате со парите. Неопходна е и клима, околина која ќе ги стимулира младите да започнат бизнис наместо да ги поттикнува да бараат државна работа од 9 до 5„, вели Мирјана.