- Advertisement -
Од 0.68% до 2.24% ќе се зголемат сметките за струја за домаќинствата од 1 јануари, соопштија денеска од Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Зголемувањето на цената по блокови е најголемо во четвртиот блок – 2.24%, во првиот блок зголемувањето е за 0.68%, во вториот за 0.9% и во третиот блок за 1.93%.
Просечната цена на електричната енергија за домаќинствата ќе се зголеми за 0.92%.
- Advertisement -
Претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски објасни дека на просечно домаќинство што месечно има сметка за електрична енергија од 2.300 денари, од 1 јануари следната година трошокот ќе му биде зголемен за 21 денар.
Од 1 јануари ќе има зголемување и на цената на ефтината тарифа за 0.9%
- Advertisement -