Бројот на претплатници на мобилни 5G мрежи во Кина надмина една милијарда на крајот на ноември, што претставува пресвртница на кинескиот телекомуникациски пазар, според извештајот на Министерството за индустрија и информатичка технологија (MIIT).
Тој број на претплатници претставува 56% од сите мобилни претплати во Кина и е за 9,4% поголем од истиот период минатата година, пренесува Qinhua.
Брзиот раст на претплатите за 5G е поддржан од огромниот развој на инфраструктурата. Според податоците на MIIT, Кина има инсталирано речиси 4,2 милиони базни станици за 5G до крајот на минатиот месец.Ваквите податоци ја потврдуваат водечката глобална позиција на Кина во имплементацијата на 5G технологијата.
(AlJazeera Balkans)
(фото: Free Malaysia Today)