Каде е најдоброто место за живеење во Европа?

- Advertisement -

Списанието Travel објави листа со земјите од Европа каде што луѓето живеат најдобро и најдолго. Луксембург е на врвот на листата, а Австрија и Данска се на второто и третото место.

Листата содржи земји со најдобар баланс меѓу работата и животот. Списанието направи рејтинг врз основа на неколку фактори, а тоа се просечниот број на работни часови неделно, должината на одморот, квалитетот на спиењето, очекуваниот животен век и општото чувство на среќа и задоволство.

- Advertisement -

На прво место е Луксембург, благодарение на високиот животен стандард. Една од причините за тоа е системот кој ги наградува постарите вработени со дополнителни денови годишен одмор – работниците над 55 години имаат просечно 36 дена платен одмор годишно.

Дополнително, просечната плата во Луксембург е околу 5.000 евра, а повеќе од 65% од жителите имаат сопствен автомобил. И покрај малата популација од околу 600.000 луѓе, квалитетот на животот во оваа земја се смета за еден од најдобрите во Европа.

- Advertisement -

На второто и третото место се Австрија и Данска, кои на своите вработени им нудат минимум 25 дена платен одмор годишно.

Интересен е податокот дека САД се на крајот на листата, на 87. место, бидејќи немаат законска регулатива за годишните одмори и постои големо незадоволство кај луѓето таму.

- Advertisement -

(Bizlife)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -