Виталиа ги постави основите на нова култура за исхрана и свесност за здрав начин на живеење

- Advertisement -

За брендот Виталиа не треба големо претставување! Препознатлив, посакуван и модерен бренд кој е прва асоцијација за здрава храна. Тоа е нашата Виталиа, компанија неуморна посветена на раст и развој за што доказ е неодамнешното отворање на нов, современ погон за производство на барови. Оваа значајна инвестиција во автоматизацијата и модернизацијата на производниот процес ќе овозможи дуплирање на капацитетите за производство на житни плочки и барови.

Следува интервју со Искра Ветаџоковска, извршен директор на Виталиа.

Новинар – Верица Јорданова

- Advertisement -

Виталиа е компанија која постојано пласира нови продукти на пазарот. Кажете ни колку имате во вашето портфолио, кои се најнови и какви се вашите планови во однос на портфолиото на производи?

Виталиа денес располага со над 200 производи во својот асортиман. Но, зад овие бројки стои приказна за посветеност, иновација и визија која ја трансформира секојдневната исхрана во нешто повеќе од обичен оброк. Секој производ е резултат на внимателно истражување, анализа на трендовите и желбата да се задоволат различните потреби на нашите потрошувачи. Нашите најнови производи, како Протеинската гранола и премиум протеинските барови, се создадени за оние кои бараат високопротеински, функционални и вкусни решенија. Дополнително, со уникатните Protein Trail Mix кои на пазарот ќе се пласираат на почетокот на следната година, ја прошируваме нашата понуда на солени здрави грицки.

- Advertisement -

Нашите идни планови се амбициозни, но секогаш ориентирани кон квалитетот и потребите на потрошувачите. Планираме да го прошириме асортиманот на производи за деца со иновативни и нутритивно богати формули. Истовремено, развиваме нови категории на функционална храна, како производи за специфични диететски потреби, а воведуваме и дигитални алатки за персонализација на исхраната. Виталиа секогаш тежнее не само да ги следи, туку и да ги поставува новите стандарди на здравата исхрана, како на македонскиот, така и на глобалниот пазар.


Вашите линии на здрава храна се долго присутни на пазарот. Какви се промените во навиките за исхрана кај македонските граѓани сега, споредено со почетоците? Колку Виталиа со својата понуда придонесе за промена на прехранбените навики?

- Advertisement -

Преку три децении, промените во навиките за исхрана кај македонските потрошувачи се длабоки и суштински. Кога започнавме, здравата исхрана беше нов и често непознат концепт. Денес, благодарение на континуираната посветеност на Виталиа, здравиот начин на исхрана е дел од секојдневието на сè повеќе граѓани. Нашите производи помогнаа да се постават основите на една нова култура, која вреднува нутритивно балансирани оброци и свесен начин на живот.

Виталиа не само што ги следеше трендовите, туку активно ги предводеше промените во однесувањето на потрошувачите преку едукација, иновативни производи и кампањи за подигнување на свеста за здравата исхрана. Денес, нашите производи не се само избор за здрава храна, туку и алатка која ги инспирира луѓето да размислуваат за своето здравје и да го подобрат својот животен стил.


Во вашите линии има и продукти наменети за деца. Како тие придонесуваат за градење на здрави навики кај младите? Познати сте и по едукацијата која ја спроведувате кај најмалата популација.

Иднината на здравата исхрана започнува со најмладите, и затоа Виталиа е особено посветена на создавање производи кои ги поддржуваат децата да развијат здрави навики од најрана возраст. Во 2025 година ќе ja лансираме нашата најнова иновација, нашата уникатна линија за деца Happy Little Adventures на која сме посебно горди. Taa вклучува продукти за појадок, ужинки и здрави грицки формулирани од природни и висококвалитетни состојки, без додаден шеќер. Со комбинација на вкус и нутритивна вредност, овие производи обезбедуваат баланс што го поддржува нивниот раст и развој.

Но, Виталиа оди подалеку од производството. Нашата посветеност кон најмладите ја потврдуваме секоја година со организирање на традиционалната Виталиа детска трка и тоа во септември како поттик за нови победи во новата учебна година. На овој начин децата на интерактивен и забавен начин учат за важноста на здравата исхрана и активниот животен стил. Исто така, преку соработки со училишта и организирање на работилници, настојуваме да ги едуцираме децата за правилната исхрана, притоа креирајќи позитивни искуства кои траат цел живот.


Виталиа е бренд кој ја претставува земјата и на странските пазари. Кои продукти се во топ 5 листата на најбарани дома, а кои во странство?

На домашниот пазар, потрошувачите најчесто се одлучуваат за нашите протеински продукти, житни мешавини, безглутенски производи и производи без шеќер. Овие категории ги одразуваат потребите за здрав и функционален начин на исхрана што е прилагоден на локалните навики и вкус. Дополнително, нашите пробиотски производи се сè попопуларни, бидејќи се насочени кон одржување на дигестивното здравје.

На странските пазари сме исто така  препознати по нашата иновативност особено во категоријата протеински, вегански и пробиотски производи. Овие категории се во чекор со глобалните трендови за функционална, одржлива и нутритивно богата храна. Уникатните производи како Protein Trail Mix со чили и пица вкусови покажуваат дека иновацијата и квалитетот немаат граници.

Присутни сме на преку 60 пазари ширум светот, и нашето присуство е доказ дека здравата храна е универзална потреба. Со секој нов производ и секој нов пазар, носиме дел од македонската иновативност и квалитет, поставувајќи нови стандарди во светот на здрава исхрана.

Присутни сме на над 60 пазари ширум светот!
нашето присуство е доказ дека здравата храна е универзална потреба!

Постојано воведувате нови стандарди во работењето. Што сметате за најголема иновација во вашето производство? Кои се плановите на среден рок во оваа насока?

Како најиновативни производи ги издвојуваме нашата уникатна Пробиотска линија, која е единствена на македонскиот и регионалниот пазар, како и Колаген линијата, која вклучува мусли и оризови каши збогатени со колаген.

Во Виталиа, иновацијата е во срцето на нашето работење, и токму таа ни овозможува да останеме лидери во индустријата за здрава храна. Една од нашите најголеми иновации е воведувањето на технологии кои обезбедуваат природен процес на производство, без вештачки адитиви и додаден шеќер. Нашата производна опрема е проектирана да ја зачува хранливата вредност на состојките, додека енергетски ефикасните системи ја минимизираат потрошувачката на ресурси. Во одржувањето, имплементиравме обновливи енергетски извори и системи за рециклирање, со што значително го намаливме нашиот еколошки отпечаток.

Покрај технолошките иновации, работиме и на напредни биотехнолошки методи во нашите истражувања и развој. Овие методи ни овозможуваат да создадеме производи со поспецифични нутритивни профили, како пробиотски барови или кето производи, кои одговараат на специфични потреби на потрошувачите. Во план е и развој на целосно биоразградливи пакувања кои ќе обезбедат свежина и квалитет, но и ќе бидат еколошки прифатливи. Во следните неколку години, нашиот фокус ќе биде на дигитализацијата на производствените процеси, користејќи IoT уреди за следење на квалитетот на производите во реално време и подобрување на ефикасноста на производството.


Произведувате протеински барови, продукти без глутен, без шеќер, сирови барови, производи за кето исхрана, за вегани, а имате и пробиотска линија. Имате ли планови и за нови продукти и за какви?

Нашата визија е постојано да ги прошируваме можностите за здрав избор и да ги исполнуваме потребите на потрошувачите. Во наредниот период, планираме значително проширување на нашата Kids линија со иновативни производи кои ќе го комбинираат забавниот аспект на детската исхрана со нутритивна вредност. Размислуваме за воведување на нови комбинации на мусли со додадена вредност, како и вкусни, но здрави ужини кои ќе поттикнуваат развој на позитивни навики кај најмладите.

Во областа на протеинските производи, работиме на нови формулации кои користат растителни протеини како што се грашок и ориз, за да одговориме на зголемената побарувачка за алтернативи на животински извори. Дополнително, планираме да воведеме солени здрави грицки, збогатени со пробиотици и уникатни вкусови. Преку иновации во формулациите и процесите, нашата цел е секој нов производ да ги задоволи нутритивните, еколошките и естетските очекувања на потрошувачите, поставувајќи нови стандарди за здрава храна.


Извозот е една од најсилните страни на Виталиа. Кажете ми во колку земји е присутна Виталиа и кои се плановите во оваа насока?

Извоз поттикнат од иновативност е и ќе остане најсилната страна на Виталиа.Иновативноста е услов за одржлив развој. Токму затоа денес, нашата компанија извезува на 5 континенти, споделувајќи дел од македонската традиција, иновативност и посветеност на квалитетот со потрошувачите на глобално ниво. Успехот на меѓународната сцена е резултат на внимателно осмислена стратегија што ги комбинира супериорниот квалитет на производите со способноста за адаптација кон специфичните културни, регулаторни и пазарни барања.

Во иднина, нашите амбиции се насочени кон зајакнување на присуството на пазарите во Западна Европа, Блискиот Исток и Северна Америка – региони каде што побарувачката за здрава и функционална исхрана бележи континуиран раст. Дополнително, планираме воспоставување на регионални дистрибутивни центри за да ја подобриме достапноста на нашите производи и да обезбедиме уште побрза и поефикасна испорака.

Нашата визија оди подалеку од само проширување на извозот – целиме да изградиме глобална заедница на потрошувачи кои ги споделуваат нашите вредности за здравје, иновација и одржливост. Со постојана инвестиција во иновативни производи и одржливи практики, продолжуваме да го зацврстуваме нашиот статус како лидер во индустријата за здрава храна.


Кои се најголемите предизвици со кои се соочувате како производна компанија?

Како производна компанија, се соочуваме со предизвици кои истовремено претставуваат можности за раст и подобрување. Еден од најголемите предизвици е управувањето со трошоците за суровини, кои често се подложни на значителни флуктуации на глобалниот пазар. Дополнително, секој нов пазар носи уникатни регулативи, што бара длабоко познавање на локалните закони и стандарди. Овие барања не само што го подобруваат нашиот квалитет, туку ни помагаат да развиеме флексибилност и агилност во нашите операции.

Свесни за важноста на зголемување на ефикасноста на процесите и оптимизација, воведовме Контролинг систем кој ни овозможува аналитички пристап за следење на сите текови во компанијата.  Оваа систематска анализа е клучна за донесување информирани одлуки и за одржување на конкурентноста. Покрај тоа, имплементиравме најсовремени дигитални технологии за управување со проекти, кои претставуваат значаен чекор напред во планирањето и иновациите.

Иако технологијата носи големи можности, таа истовремено наметнува предизвици поврзани со модернизацијата и одржувањето на производствената опрема. Токму затоа се насочивме кон инвестиции во луѓето и технологијата. Нашиот HR сектор воведе програми за континуирана обука и професионален развој, со акцент на поттикнување креативност и решавање комплексни проблеми.

Со иновации во сите сегменти – од истражување и развој до маркетинг и продажба – Виталиа останува посветена на својата визија: обезбедување здрава, висококвалитетна храна за сите, истовремено справувајќи се со динамичните предизвици на глобалниот пазар.

Сподели!
- Advertisement -