Завар, македонски симбол за успех, иновации и глобално признание

- Advertisement -

Компанијата „Завар“ продолжува да го зацврстува својот статус како еден од најуспешните македонски брендови во Европа и пошироко. Годинава беше особено значајна за компанијата, исполнета со бројни награди и признанија кои го истакнуваат нејзиниот придонес во индустријата и иновациите.

Марта Наумовска Грнарова, основачка и претседателка на Управниот одбор на „Завар“, ја доби престижната европска награда „Создавач на столетието“ за развој на идеи, иновации и инвестиции во претприемништвото во Централна и Југоисточна Европа, а која и беше врачена во октомври во црна Гора, во рамки на 4 светски конгрес на претприемачи. Ова признание ја истакнува визијата и лидерство во трансформирањето на „Завар“ во глобално успешен бренд.

- Advertisement -

Уште една престижна награда се најде на полиците на компанијата Завар. Имено, овој месец Здружението за најуспешен претприемач од Србија ја круниса работата на Завар и Наумовска Грнарова со титулата „Најдобар лидер во претприемачкото создавање 21 век“.

–     Овие награди се повеќе од лична чест – тие се признание за тимската работа, за нашите вредности и за посветеноста што ја вложуваме секој ден. Тие нè поттикнуваат да продолжиме да бидеме иновативни, да создаваме и да го задржиме нашиот фокус на врвниот квалитет. Клиентите и партнерите ни даваат сила да одиме напред, а ние постојано се стремиме да ја оправдаме нивната доверба. Секој успех е потврда дека се движиме во вистинската насока и служи како мотивација да поставуваме уште повисоки стандарди и да остваруваме уште поголеми достигнувања“ – истакна Марта Наумовска Грнарова.

- Advertisement -

Завар“ е компанија со 36 годишна традиција и јасна визија за иднината. Како водечки производител на опрема за процесната индустрија, компанијата применува процеси кои додаваат висока вредност и произведува садови под притисок и резервоари од не’рѓосувачки челик и специјални метали, кои наоѓаат примена на глобалните пазари. Нивната експертиза е призната од многубројни клиенти ширум Европа, Обединетото Кралство, САД, Индија и Мексико, кои ја ценат комбинацијата на иновации, квалитет и ефикасност.

Дополнително, годинава Завар се претстави и на престижниот ACHEMA саем во Франкфурт, на кој е присутна од 2012 година и е единствена компанија од Македонија. На саемот учествуваат производители и даватели на услуги од над 50 земји, кои ги презентираат своите производи за хемиско, фармацевтско и биотехничко истражување и

- Advertisement -

производство, како и енергетски и еколошки услуги. Саемот ACHEMA е движечка сила и основач за меѓународните процесни индустрии и нивните добавувачи.

–     Нашата мисија е да создаваме производи кои се не само функционални, туку и инспиративни. Се стремиме да внесеме нова димензија во секој производ, комбинирајќи врвен дизајн и технолошка извонредност. Веруваме дека иновациите и посветеноста на врвниот квалитет се основата за нашиот долгорочен успех. Нашата цел е да создадеме решенија кои ќе ги инспирираат нашите клиенти, но и ќе постават нови стандарди во индустријата. Секогаш се стремиме да понудиме нешто повеќе, нешто што ќе ги надмине очекувањата и ќе остави траен впечаток. Секој предизвик го гледаме како можност да растеме, да се усовршуваме и да го зацврстиме нашиот статус на глобалната сцена“ – рекоа од Завар

Инаку, Марта Наумовска Грнарова е основач и претседател на Асоцијацијата за метална и електро индустрија – МАМЕИ која оваа година го одбележи својот 10-годишен јубилеј.

По тој повод, во октомври, се одржа индустрискиот саем „Енерготехнома“. Овој саем е платформа за заедничко претставување на членките на асоцијацијата, истакнувајќи ја важноста на индустриската соработка и развој.

Со истрајност, иновации и посветеност, „Завар“ продолжува да биде инспирација и пример за македонскиот претприемачки дух, градејќи мостови помеѓу традицијата и иднината.

Сподели!
- Advertisement -