Прогласени најточните авиокомпании во светот

- Advertisement -


Мексиканската национална авиокомпанија Aeromexico се најде на врвот на глобалната листа за точност на летови во 2024 година, според Cirium, компанија за воздухопловна аналитика.Дури 86,7% од нивните летови пристигнале според распоредот на летовите, односно во рок од 15 минути од планираното време за слетување, пренесува CNBC.

Џереми Боуен, извршен директор на Cirium, го припиша успехот на Aeromexico на нејзината корпоративна култура, инвестициите во нова опрема и соработката со главниот аеродром во Мексико Сити, кој во извештајот на Cirium го рангираше четвртото место меѓу светските аеродроми по точностa на летот.

- Advertisement -

Saudia Airlines (поранешен Saudi Arabia Airlines) се рангираше на второто место меѓу светските авиокомпании, напредувајќи од деветтото место на листата на Cirium за 2023 година, со 86,35% од нејзините летови навреме, покажа извештајот објавен во четвртокот.

Delta Airlines се рангираше на третото место со 83,46% од навремените летови, по што следува Latam airlines со 82,89% и Qatar Airways со 82,83%, според извештајот на Cirium за 2024 година. Cirium четврта година по ред ја прогласи Delta за „најдобра авиокомпанија во светот за оперативна извонредност“, благодарение на точноста и големината, имајќи предвид дека е меѓу најголемите авиокомпании во светот.

- Advertisement -

Вкупниот број на навремени летови е намален за 0,5% во 2024 година во однос на претходната година. Ажурирањето на софтверот CrowdStrike ненамерно приземји илјадници летови, особено оние на Delta Air Lines, што негативно влијае на целокупната прецизност на индустријата.

Точноста на летовите е клучен фактор за задоволството на патниците и важен показател за здравјето на авиоиндустријата. Доцнењата често ги зголемуваат трошоците на авиокомпаниите и го намалуваат моралот на екипажот, особено кај вработените кои директно комуницираат со патниците.

- Advertisement -

Извештајот ја анализира и точноста на регионалните авиокомпании, од кои некои постигнале поголем процент на точност од светските авиопревозници. South African Safarи постигнал точност од 93,82% од летовите, Oman Air 90,27%, панамската Copa Airlines 88,22% и Royal Jordan Airlines 87,02%.

Во Европа шпанските компании Iberia Express со 84,69% и Iberia со 81,51 повторно го зазедоа првото и второто место, како и на листата на Cirium од 2023 година. Најголемите јапонски авиокомпании, Japan Airlines со 80,90% и All Nippon Airways со 80,62%, водат во Aзиско-пацифичкиот регион, иако нивниот процент на точност е намален во споредба со 2023 година.

Во Северна Америка водечкат позиција ја држи Delta Airlines, додека зад неа се United Airlines со 80,93% и Alaska Airlines со 79,25% навремени летови.

Аеродромот на саудискиот крал Калид води помеѓу светските аеродроми со повеќе од 86% точни полетувања во 2024 година, според годишниот извештај на Cirium. Помеѓу средните аеродроми, меѓународниот аеродром Токумен во Панама е најдобар со 90,34% прецизност, додека меѓународниот аеродром Хозе Хоакин де Олмедо во Еквадор, со 91,38% точни летови, ја носи титулата за најпрецизен мал аеродром во светот.

(CNBC)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -