Во кој европски град се јаде најдобро?

- Advertisement -

Светски познатиот гастрономски водич Taste Atlas ја објави својата годишна листа со најдобри кујни во светот. Сите кујни се рангирани врз основа на гласовите на публиката, а се оценуваат врз основа на состојките, специјалитетите и пијалоците кои се незаменлив дел од гастрономијата. Покрај тоа, водичот ги истакнува градовите во кои се служи најдобрата храна, а минатата година се зборуваше за пица

Добар број светски патници одат на патувања за да ги истражат локалните обичаи, култура и храна. Ако вашето патување е инспирирано од појадок, ручек или вечера, со многу постојки за закуски меѓу нив, Taste Atlas има листа со градови што мора да се видат.

- Advertisement -

Годинава Taste Atlas, покрај најдобрите кујни и храна, објави листа која содржи 100 градови со најдобра храна во светот. На листата, очекувано, дури шест италијански градови се најдоа меѓу првите десет, италијанскиот регион Кампанија е прогласен за регион со најдобра храна, а град со најдобра храна во светот е Неапол.

Неапол доби речиси највисока можна оценка, дури 4,93 од можни 5. Од специјалитетите, Неапол е познат по својата автентична пица „наполитани“, „маргарита“ кои можете да ги пробате во познатите пицерии како Antica Pizzeria da Michele или Sorbillo.

- Advertisement -

Уличната храна, како што се пржените топчиња тестенини, „фритатине ди паста” и свежата “моцарела ди буфало” се деликатеси кои не се пропуштаат. За оние кои имаат сладок заб, тука е „сфоглиатела“, крцкава торта исполнета со крем од рикота и лимон и „баба ал рум“, десерт натопен со рум. Покрај тоа, постои и традиционална супа од школки, „зупа ди козе“, која ја отсликува поморската традиција на Неапол.

Целата листа можете да ја најдете на официјалната веб-страница, а првите десет градови за храна се:

- Advertisement -

1.Неапол

2.Милано

3.Болоња

4.Фиренца

5.Мумбаи

6.Рим

7.Париз

8.Виена

9.Торино

  1. 10.Осака

(Bizlife)

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -