Fleeton, иновативната платформа на Сабри Азири од Гостивар го сведува изнајмувањето возило на само неколку минути!

- Advertisement -

Fleeton e еден од најуспешните домашни стартапи во полошкиот регион. Станува збор за аll-in-one софтверско решение за изнајмување автомобили развиено од Сабри Азири и неговиот тим. Тие на рентакар компаниите им нудат целосна платформа за менаџирање на флотата со која располагаат, оптимизирање на трошоците но и целосно веб решение за оние компании на кои тоа им е потребно.
Од седиштето на оваа иновативна компанија во центарот на Гостивар секојдневно се управуваат околу 2.000 возила. Клучна предност на ова решение е што драстично го намалува времето потребно за изнајмување на возило што е од клучна важност во клулните сезони. Моментално клиентите на Азири се од Македонија, Косово и Албанија кои имаат операции низ цела Европа.
Многу наскоро Fleeton влегува на австрискиот пазар, а договорочно овој домашен стартап цели да ги освои пазарите во Турција, Средниот Исток и САД. Клучни предности на FleetOn платформата се тоа што е лесна и едноставна за користење, функционира како е-комерц платформа за рентакар, процесите и операциите се автоматизирани. Платформата е уникатна затоа што нуди АИ агент кој одговара на сите прашања на клиентите а може да направи и промена на веќе направената резервација, со што компаниите заштедуваат човечки ресурси.

Сподели!
- Advertisement -