На Бернските Алпи во Швајцарија штотуку беше отворена најстрмната жичарница во светот. Поврзувајќи го селото Стехелберг во долината со градот Мирен, жичарницата има наклон од 159,4%. Патувањето со неа трае само четири минути, при што жичарницата совладува висинска разлика од 775 метри на патека долга речиси 1.194 метри.
Две кабини висат на рака долга 11 метри за да го надминат стрмниот наклон, а секоја може да прими до 85 патници. Маршрутата е целосно автономна и постојано е надгледувана од камери и сензори, што и овозможува да функционира без екипаж во кабините.
Првата кабина го започна своето патување со жичарницата во петок, на 13 декември, за време на официјалната церемонија на отворање. Во саботата на 14 декември почна да прима редовни патници.
Новата жичарница е дел од проектот Schilthornbahn 20XX, кој подразбира изградба на нова траса составена од три делници. На крајот ќе ги поврзе Штехелберг и Мирен преку Бирг до Шилторн, намалувајќи го тековното време на патување од 32 минути на околу 18 минути.
(EuroNews)
(фото: Get Archive)