ЈК Травел доби признание од ИФФК „Браќа Манаки“ за успешната соработка во последното издание на фестивалот

- Advertisement -

На свечениот настан во UTOPIA private business club, ЈК Травел беше награден со признание за нивната значајна поддршка и успешната организација на сите букинзи за гостите на последното издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“. Признанието беше врачено од страна на Симеон Мони Дамевски, директор на фестивалот, а во име на ЈК Травел, признанието го прими Елизабета Јосифовска, маркетинг менаџер.

Настанот беше можност да се оддаде признание на сите спонзори и поддржувачи кои придонесоа за беспрекорната организација на фестивалот, а ЈК Травел како доверлив партнер уште еднаш покажа дека врвната услуга и професионализмот се нивна основна определба.

- Advertisement -

Ова признание претставува потврда за долгогодишната посветеност на ЈК Травел во обезбедувањето на логистичка поддршка за настани од висока категорија, а воедно е и поттик за нови можности за соработка во иднина.

Сподели!
- Advertisement -