Кина ја планира првата трка на луѓе и роботи

- Advertisement -

Кина има намера во април да го организира првиот светски полумаратон на кој ќе се натпреваруваат луѓе и хуманоидни роботи. Хуманоидни роботи, развиени од компании ширум светот, ќе излезат на улиците покрај 12.000 човечки тркачи. Тие оваа година за прв пат ќе ја истрчаат целата трка.

Оваа необична трка е дел од амбициозните напори на Кина да ја направи земјата глобален лидер во вештачката интелигенција и роботиката. Хуманоидни роботи и луѓе ќе учествуваат во трка долга 21 километар, а најдобрите тројца учесници ќе добијат награди.
На полумаратонот ќе учествуваат компании, истражувачки институти, клубови за роботика и универзитети од целиот свет кои развиваат хуманоидни роботи. Клучниот услов е дека роботите мора да личат на луѓе и тие треба да бидат опремени со механичка структура што ќе им овозможи да вршат движења како што се одење или трчање на две нозе, така што верзиите на тркала се исклучени.

- Advertisement -

Исто така, роботите мора да бидат високи помеѓу 0,5 и два метри. Учеството е дозволено за далечински управувани и целосно автономни хуманоидни роботи, а дозволена е и замена на батеријата за време на трката.

Кина ги гледа хуманоидните роботи како стратешки сектор за нејзиниот економски раст и технолошка независност. Покрај тоа, хуманоидните роботи се појавуваат како решение за стареењето на населението во Кина и намалената работна сила. Минатата година беа користени роботи во производствен погон на BYD, кој меѓу другото произведува и електрични автомобили.

Кина, исто така, се повеќе се потпира на роботите за да им пружи поддршка на старите лица, вклучувајќи грижа, емоционална поддршка, следење на здравјето и помош во домаќинството за старите лица.

- Advertisement -

Кинеската роботска индустрија би можела да достигне вредност од 54,6 милијарди долари до 2030 година.

(021)

- Advertisement -

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -