За да одговори на демографските предизвици, Кина најави вклучување на хуманоидни роботи во своите услуги за нега на стари лица. Соопштението на Државниот совет на Кина е дел од мерките на политиката на земјата, кои се насочени кон интегрирање на напредните технологии во грижата за стари лица. Насоките издадени на 30 декември 2024 година го нагласуваат развојот на хуманоидни роботи, интерфејс на мозок-компјутер и вештачка интелигенција персонализирана за нега на стари лица.
Кина сака да воспостави сеопфатна национална мрежа на услуги за грижа за стари лица до 2029 година, а до 2035 година се очекува земјата да им обезбеди на сите постари граѓани пристап до основните услуги преку добро развиен систем за грижа и ефикасно да одговори на потребите на сè постарото население.
Соочена со проблемот на најбрзорастечката постара популација во светот, Кина планира брзо да ја подобри грижата за стари лица со воведување хуманоидни роботи и интелигентни системи. До крајот на 2023 година Кина имаше повеќе од 216,76 милиони граѓани на возраст од 65 и повеќе години, што претставува 15,4% од вкупното население.
Оваа демографска промена укажува на критична потреба за иновативни решенија за нега со оглед на ограничениот капацитет од само 8,2 милиони кревети за нега на стари лица низ целата земја.
Кинеската влада не само што интегрира хуманоидни роботи со напредни способности за интеракција во секторот за нега, туку и развива паметни домашни системи за подобрување на безбедноста и квалитетот на животот на постарите лица. Овие роботи се повеќе се користат за емоционално дружење, следење на здравјето и помош со паметни домашни услуги, што означува значителна промена кон високотехнолошки решенија за нега.
За да се насочи напредокот, се работи на развој на унифицирана национална информативна платформа за грижа за стари лица. Оваа платформа ќе одговара на понудата на услуги со растечката побарувачка, оптимизирајќи ја испораката на услуги за нега низ целата земја.
Локалните иницијативи ја покажуваат оваа промена. Општинската комисија за наука и технологија во Пекинг претстави акционен план до 2027 година, фокусирајќи се на улогите на роботската грижа. Вухан и Шангај исто така работат на ова поле, при што Шангај минатата година ги издаде првите насоки во Кина за управување со хуманоидни роботи, нагласувајќи ја контролата на ризикот и меѓународната соработка.
(Klix.ba)
(фото: Stock Cake)