Интервју со Кристијан Давидовски и Татјана Илијевска: Пионери во применетата биоинформатика

- Advertisement -

Што е применета биоинформатика и како ја трансформира современата медицина?

Применетата биоинформатика е најсовремена интердисциплинарна наука што комбинира биологија, компјутерски науки, математика и инженерство за анализа и интерпретација на биолошките податоци. Оваа дисциплина овозможува подлабоко разбирање на сложените процеси во човечкото тело на клеточно ниво и носи револуционерни подобрувања во здравството и медицината.

- Advertisement -

Биоинформатиката ги комбинира дигиталните технологии со биолошките процеси, нудејќи решенија за откривање и третирање на болести на микроскопско ниво. Преку алгоритми, машинско учење и напредни аналитички техники, истражувачите и клиничките експерти можат да откријат скриени патишта во човечката физиологија и да ги искористат за подобрување на здравствените резултати.

Вие го водите BioRevit Центарот за биоинформатика. Која е вашата работа? Какви иновации развивате и какви резултати постигнувате?

- Advertisement -

BioRevit Center for Bioinformatics – Revit е првиот специјализиран центар за применета биоинформатика во регионот. Основан пред 14 години, центарот се наоѓа во Скопје, на планината Водно, во средина која е идеална за развој на напредни медицински истражувања и индивидуални терапии.

BioRevit е лиценциран од Министерството за здравство, што е потврда за високите стандарди и безбедноста на методите што ги применуваме. Нашиот центар е посветен на развој на иновативни биоинформатички терапии кои ја подобруваат функцијата на човечките клетки и го оптимизираат целокупното здравје.

- Advertisement -

Нашата мисија е да создадеме иднина каде што медицината нема да биде базирана само на фармаколошки третмани, туку на директна комуникација со клетките преку биоинформатички сигнали.” – Кристијан Давидовски

Веруваме дека технологијата и медицината треба да бидат интегрирани на највисоко ниво, со персонализирани третмани кои се безбедни, природни и ефикасни.” – Татјана Илијевска

Каде се применува биоинформатиката и какви резултати покажавте досега?

Примената на биоинформатиката е широка и опфаќа персонализирана медицина, оптимизирање на терапии, дијагностика и превенција на болести. Благодарение на методите развиени во BioRevit Center for Bioinformatics – Revit, пациентите доживуваат значителни подобрувања во својата здравствена состојба.

Во нашите клинички студии, постигнавме револуционерни резултати во повеќе области:

✔ 242% подобрување на квалитетот на сонот – учесниците пријавија дека заспиваат побрзо и се будат поодморени.

✔ 64% намалување на стресот – значително подобрување на психолошката стабилност.

✔ 225% намалување на видливите брчки – докажано со напредни дерматолошки тестирања.

✔ 150% зголемување на менталната јасност – подобрување на когнитивните функции, фокусот и меморијата.

✔ 72% намалување на емоционалната исцрпеност – подобрување на енергетските нивоа и социјалната интеракција.

Специфични резултати кај спиењето:

  • Зголемување на бројот на луѓе што заспиваат за помалку од 15 минути од 10.5% на 73.7%.
  •  Намалување на ноќните будења од 5.3% на 63.2%.
  •  Намалување на дневната поспаност и зголемување на менталната јасност.

Ова покажува дека биоинформатичките терапии можат да имаат подлабок ефект врз здравјето, користејќи прецизно програмирани сигнали кои влијаат врз клеточната активност.

Иновации во BioRevit: Биопачови и дигитална медицина

Еден од најголемите чекори што го направивме е развојот на “BioRevit Patch”, специјализирана биоинформатичка биопластична терапија што се аплицира на кожата. Оваа технологија директно комуницира со телото и му помага да постигне оптимални нивоа на енергија, регенерација и здравје.

Во комбинација со нашата дигитална аптека, каде што испраќаме аплицирани биоинформатички сигнали преку звук и светлина, овозможуваме целосно нов начин на медицинска терапија, без несакани ефекти.

Сподели!
- Advertisement -