За 2027 година се подготвува сензационалното враќање на „југо“

- Advertisement -

Незаборавното „југо“, автомобил кој беше огромен продажен хит во поранешна Југославија, а некогаш го возеле стотици илјади хрватски возачи, може да доживее големо враќање. Автомобилот треба да биде едноставен како оригиналот, мал и достапен автомобил, кој треба да биде изграден на постоечка платформа од стратешки партнер и придвижуван исклучиво од бензински мотор. Првиот прототип во работна состојба треба да биде претставен во 2027 година на меѓународната изложба Експо во Белград.

„Југо“ беше еден од најуспешните модели на автомобили во историјата на поранешната држава. Достапниот автомобил се продаваше од 1980 година до 2008 година, па дури и успеа да се пробие на некои извозни пазари. „Југото“ се базираше на технологијата Fiat 127 и се произведуваше во фабриката Црвена Застава во Крагуевац. Неговата американска „епизода“ беше особено запаметена. Со почетна цена од само 3.990 долари, тој беше веројатно најевтиниот автомобил во САД, кој на почетокот привлече голем интерес кај купувачите, но на крајот стана предмет на исмевање поради сомнителниот квалитет на изработка и невообичаено лошата опрема и скромната моќност на моторот според американските стандарди.

- Advertisement -

Сега се прават планови за враќање на „југо“ во сосема ново руво. Веќе се објавени првите скици, а до крајот на годината и макетата и моделот во целосна големина треба да бидат прикажани на јавноста. Две години подоцна прототипот треба да го има своето деби во возна состојба.

Овој интересен проект го осмисли проф. д-р Александар Бјелиќ, кој е истакнато име во германската автомобилска и снабдувачка индустрија. Тој и неговиот тим на адвокати веќе ги обезбедија меѓународните права на трговската марка на брендот „југо“. Бјелиќ, кој речиси две децении работи на високи маркетинг позиции, по професија е инженер и економист, а предавал на Универзитетот во Ален во близина на Штутгарт и на Економскиот факултет во Белград.

- Advertisement -

Српскиот дизајнер Дарко Марчета е заслужен за првичниот дизајн, а неговите први рендери „многу добро ги пренесоа пропорциите и духот на класичното „југо“. Ретро-футуристичкиот стил на новото „југо“ донекаде потсетува на концептот Hyundai Ioniq 5 и Hyundai N74.

Новото „југо“ треба да се позиционира како автомобил со прифатлива цена. Се наведува и дека техничката основа ќе биде проверена платформа на договорниот партнер, чие име Бјелиќ се уште не сака да го открие. Новото „југо“ треба да ги исполнува сите еколошки и безбедносни прописи. Планот е новото „југо“ да се движи исклучиво со бензински мотор.

- Advertisement -

(24 sata)

(фото: Yugo)

Сподели!
- Advertisement -